fbpx
Таг: слобода на изразување

таг: слобода на изразување

Новинари ја тужат државата што не ги казни насилниците од 27 април

Кон крајот на април тројца новинари - Наташа Стојановска, Душица Мрѓа и Горан Трпеноски, жртви на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, поднесоа приватна тужба против државата поради повреда на правото на слобода на изразување и за надомест на нематеријална штета. Тужбата е поднесена во знак на незадоволство од Основното јавно обвинителство во Скопје, кое и после...

Совет на Европа: Слободата на изразување клучен фактор за способноста на медиумите да известуваат за Ковид-19

Слободата на изразување, вклучувајќи го и слободниот и навремен проток на информации, е клучен фактор за способноста на медиумите да известуваат за прашања поврзани со пандемијата со Ковид-19, се наведува во Упатството на Советот на Европа до владите ширум Европа за почитување на демократијата, владеењето на правото и човековите права во рамки на санитарната криза поврзана со Ковид-19, испратено...

ААВМУ бара од институциите отвореност за медиумите и двонасочна комуникација со новинарите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) апелира до Владата и другите надлежни институции да ја унапредат комуникацијата со новинарите и да го зголемат степенот на транспарентност во периодот на вонредната состојба поради епидемијата со корона вирусот. Од ААВМУ потенцираат дека комуникацијата со новинарите треба да биде отворена и двонасочна. „Во вонредна состојба исклучително е важно да им биде...

ЗНМ: Слободата на изразување да биде загарантирана и во вонредна состојба

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) смета дека владините институции и здравствените центри мора да најдат начин за подобра комуникација и транспарентност во насока на гарантирање на слободата на изразување и правото на информирање во време на вонредна состојба. „Укажуваме дека ние како организација, a и голем дел од нашите членови, сме незадоволни од недостигот на двонасочната комуникација за вклучување...

Бура реакции и барања за извинување по вчерашната изјава на Заев

Новинарските здруженија, невладините организации и политичките партии од земјава бурно реагираа по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев, во која коментирајќи го предметот „Рекет“, тој кажа дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја срушат актуелната влада. Од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) побараа премиерот веднаш да се извини на новинарите, а пред...

Извештајот од ЕК генерално позитивен, но со суштински забелешки

Извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија за 2019 година, е најпозитивниот досега, со големи пофалби на реформите, но сепак има и бројни посочување на областите на коишто треба уште да се работи. Посочувајќи дека Северна Македонија продолжила со сигурно темпо да ги спроведува ЕУ реформите и да ги зајакнува демократијата и владеењето на законот, се наведува и...

ЕК: Има напредок во слободата на изразување, намален е притисокот врз новинарите

Климата за слободата на медиумите и слободата на изразување е подобрена, со поотворена политичка дебата и покритичко известување во медиумите. Забележан е пад во притисокот врз новинарите. Известувањето од изборните кампањи и поизбалансирано од порано. Владиното рекламирање е прекинато. Клучно е власта да практикува нулта толеранција кон сите инциденти на физички и вербални напади или закани врз новинарите, се...

Сите корисници да се запознаат со правните рамки за слободата на изразување на и вон интернет

Постои голема потреба знаењата за правните рамки кои ја регулираат слободата на изразување онлајн, но и офлајн, да се усвојат од правосудните органи, правниците и генерално сите корисници на интернет на кои тие влијаат беше еден од заклучоците на денешната работилница организирана од Фондацијата „Метаморфозис“ во Клубот на новинари во Скопје.  Основа за работилницата беше онлајн-публикацијата „Први чекори во разбирањето...

„Метаморфозис“ организира работилница за слободата на изразување онлајн и офлајн

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ организира работилница „Разбирање на слободата на изразување онлајн и офлајн“, која ќе се одржи на 12 април во Клубот на новинари во Скопје. На работилницата ќе бидат претставени основните концепти во сферата на слободата на изразување, како и актуелните и релевантните стандарди на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на слободата на...

Слободата на изразување, главна тема на регионалниот Самит за слобода на интернет

Состојбите со слободата на изразување во Источна и Централна Европа и Евроазија се главна тема на првата панел дискусија на вториот регионален Самит за слобода на интернет, организиран од Иницијативата за владеење на правото при Американската адвокатска комора (АБА РОЛИ). На панел дискусијата учествуваа амбасадорката на ОБСЕ во Скопје - Нина Суомалаинен, Роберт Поповски - министер без ресор во Владата на...

Брисел од Албанија бара брзо затворање на прашањето за имотите на малцинствата

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, упати апел, Албанија што побргу да ја затвори процедурата за враќање и за компензација на имотот на малцинствата, пишува весникот на македонски јазик „Илинден“. Во одговор на прашањето на потпретседателот на Европскиот парламент, Димитрис Пападимоулис, во врска со проблемот околу имотот на малцинствата во Албанија, прашање кое е опфатено во последниот...

ЗНМ ги осуди нападите врз Јовановски и Тричковски и застрашувањето новинари

Здружението на новинарите на Македонија се огласи со осуда за „кампањата на застрашување и на понижување новинари што последните денови во Скопје ја спроведуваат непознати лица инспирирани од воинствените изјави на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој минататa недела ги повика етничките Македонци преку протести да ја спречат опозицијата да формира влада со партиите на Албанците“. Повод за реакцијата...

Левица: Нападот врз новинарите претставува напад на слободата на изразување

Левица денеска го осуди нападот на новинарската екипа на „А1он“ за време на протестот „За заедничка Македонија“ и оцени дека ваквиот напад претставува напад врз слободата на изразување и на јавно информирање. - Бараме одговорност од полициските службеници кои потфрлија во одржувањето на јавниот ред и мир при протестот, но и од организаторите на протестот кои неуспешно ги отстраниле насилниците....

Трамп бара одземање на државјанството или затворска казна за палење на знамето на САД

Секој што ќе го запали американското државно знаме треба да се соочи со последици, како одземање на државјанството или затворска казна, смета новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Ваквиот став, Трамп денеска го соопшти преку порака на својот официјален твитер-профил. „Никому не смее да му биле дозволено да го пали американското знаме. Доколку некој го запали, мора да има последици -...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...