fbpx

„Крвавиот четврток“ и судовите: Противречни пресуди за новинарите кои известуваа од Собранието

-

Апелацискиот суд со своите пресуди му ги повредил правата на новинарот Влатко Стојановски од „Фокус“ во врска со упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Вака се изјаснија судиите од Уставниот суд и денеска побараа по овој предмет да се отвори дискусија на дневен ред на некоја од наредните седници.

„Во текот на советувањето и гласањето судиите го усогласија ставот дека со пресудите е направена повреда на неговите права, но Уставниот суд немаше мнозинство гласови за сите точки кои го сочинуваат конечниот предлог, а се однесуваат на правната судбина на двете пресуди, што значи дека овој предмет не е завршен“, велат од Уставниот суд.

Стојановски ја тужеше државата за повреда на слободата на изразување за настаните од „крвавиот четврток“, меѓутоа Граѓанскиот суд го одбил со образложение дека членот 10 од Европската конвенција за човекови права се однесувал на овозможување на секој да го изрази своето мислење во секојдневното живеење, а не во услови кога се случуваат акти на насилство како што бил настанот од „крвавиот четврток“.

По ова, Стојановски се обратил до Уставен суд со барање да се утврдат повреди на уставно загарантираните слободи и права, кои според него се направени со пресудите на првостепениот и второстепениот суд.

Инаку денеска Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на новинарот Горан Трпеноски против Основниот граѓански суд Скопје, кој претходно му ја отфрли тужбата против државата зашто на 27 април 2017 година за време на организираниот напад на Собранието, не го заштити како новинар, а му го загрози и правото да известува за нападот.

Трпеноски тужеше како тогашен новинар на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК, а во образложението на пресудите на понискиот и на повисокиот суд, стои квалификација дека ниту тужителот бил новинар, ниту САКАМДАКАЖАМ.МК е медиум, зашто онлајн медиумите законски сè уште не се регулирани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...