среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Фокус | 19 резултати

ЗНM: Европскиот суд за човекови права пресуди во корист на „Фокус“ во случајот против Сашо Мијалков

април 6, 2022

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во корист на „Фокус“ во случајот против Сашо Мијалков, а пресудата од Стразбур доаѓа откако домашните судови претходно пресудија дека уредничката на „Фокус“ Јадранка Костова и новинарот Владо Апостолов треба да му платат над 9.000 евра штета на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков за изнесена клевета и навреда, […]

Контраспин: На Мицкоски не му е првпат да става сол врз раната за Никола Младенов

јуни 29, 2020

На 27 јуни, обраќајќи им се на граѓаните на Кочани, во рамките на изборната кампања и презентацијата на програмата на ВМРО ДПМНЕ, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, во дел од својот говор се осврна на истрагата за смртта на новинарот и основач на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, недвосмислено користејќи спин преку прашувањето до каде е […]

„Слободен печат“, „Вечер“ и „Нова Македонија“ добија 500.000 од вкупно 712.000 евра владини субвенции (инфографик)

февруари 11, 2020

Владата го објави списокот со 12-те печатени медиуми што добија субвенции преку Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2019 година. Според објавените владини податоци, на повикот за финансиска поддршка за минатата година биле доставени вкупно 16 барања, за кои биле предвидени околу 810.000 евра. Од нив, одобрени се 12 барања […]

Развигоров тврди, а не проверил: Во Македонија нема закон за македонска национална чест

јануари 16, 2020

Во интервју за бугарската новинска агенција „Фокус“, Михаил Развигоров, внук на познатиот револуционер Мише Развигоров, зборувајќи за состојбата на Бугарите во денешна Македонија кажа очигледна невистина – дека во земјава е се уште на сила „Закон за заштита на македонската национална чест“. „…Не е тајна дека веќе 75 години цензурата за пројавување на бугарштина е […]

Како Ана Кочева и Цона С’бчева се извалкаа фрлајќи кал по македонскиот јазик, по МАНУ и по Фридман

декември 20, 2019

Во емисијата „Това е България“ (Тоа е Бугарија) на бугарската радиомрежа „Фокус“, Ана Кочева – Лефеџиева, доцент по бугарска дијалектологија и лингвистичка географија од Институтот за бугарски јазик (ИБЈ) при Бугарската академија на науките (БАН) и водителката Цона С’бчева речиси со подеднаков жар, прегазувајќи секаква почит кон вистината, со цврст агитпроповски наратив се нафрлија и […]

Каракачанов и новинарот во натпревар против Македонија со антиката и средновековјето

јануари 14, 2019

Во обемно интервју со Красимир Каракачанов, бугарски вицепремиер и министер за одбрана, како и претседател на бугарската националистичка партија ВМРО-БНД, емитувано на 8 јануари на бугарската радиомрежа „Фокус“, новинарот изобилно ја користеше реториката на познатиот негатор на македонската нација дотолку што интервјуто изгледа како двајцата да се обединиле против Македонија. Односно, како Каракачанов да ги […]

Стартуваат шест проекти за медиумска писменост и критичко мислење

октомври 19, 2018

Во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк – центар за европски стратегии“, шест граѓански организации денеска во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје ги презентираа своите замисли со кои во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ во неколку градови во земјава ќе работат на развојот […]

Заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија во Поградец на 15 декември

декември 3, 2017

Претставниците на владите на Македонија и на Албанија договориле заедничката меѓувладина седница, која е предвидено да се случи на 15 декември во Поградец, Албанија, информираат од Владата. Во соопштението, накратко се додава дека на седницата ќе се разговара на повеќе теми, а во фокусот ќе биде унапредувањето на заемната соработка во повеќе области. Владата на Македонија […]

Бејли предупреди да се задржи фокусот на имплементирање на договореното

јули 21, 2016

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, пред малку на својот твитер-профил го сподели договорот што вчера го постигнаа политичките партии и напиша: „Договор од 20 јули – партии, медиуми, институции – само 42 дена за да успее – задржете го фокусот“, напиша Бејли. July 20 Agreement – Parties, Media, Institutions – only 42 days to […]

Спасовски: Хајката нема да нè спречи да спроведеме професионална истрага

декември 22, 2015

Времето на хајки заврши и време е за законски и за професионални истраги, рече, меѓу другото, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција посветена на аферата со фалсификуваните лични карти. Тој е убеден дека истрагата ќе покаже за што биле употребени тие. Според него, истрагата била комплексна, повеќеслојна и чувствителна и сè уште […]

„Фокус“: Веста за прислушувањето на Борисов и на Расмусен беше првоаприлска шега

април 1, 2015

Бугарската новинска агенција „Фокус“ вечерва објави дека е првоаприлска шега веста за прислушувањето на бугарскиот премиер и на поранешниот генералниот секретар на НАТО за време на нивните посети во Скопје. „Денеска објавивме вест поврзана со најактуелниот скандал, прислушувањето. Се пошегувавме дека бугарскиот премиер Бојко Борисов и поранешниот генерален секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен, биле […]

МВР го заврши дигиталното вештачење за „тајната фабрика за пасоши“

декември 8, 2014

Министерството за внатрешни работи завршило со дигиталното вештачење на фотографиите и на видеозаписот на кои се гледа како рачно се изработуваат пасоши, јавува „Фокус“. Резултатите од вештачењето се испратени во Основното јавно обвинителство, а од МВР не соопштуваат повеќе детали. Шефицата на јавното обвинителство, Гордана Гешковска, за „Фокус“ потврдила дека тие од утре ќе ја анализираат дигиталната […]

Обвинителството бара да се вештачат сликите и видеозаписот на „Фокус“

декември 3, 2014

Државното јавно обвинителство му наредило на Министерството за внатрешни работи да ја провери снимката на „Фокус“ за фабриката за пасоши, јавува „24 Вести“. Јавниот обвинител бара МВР да изврши дигитална форензика врз објавениот видеозапис и врз фотографиите што се објавени од неделникот. Информацијата доаѓа по ставот на МВР дека во аферата „Пасош“ нема елементи на кривично […]

„Фокус“ прашува, МВР ги кани на гости

декември 2, 2014

Одговорниот уредникот на неделникот „Фокус“, Зоран Димитровски, вчеравечер до портпаролот на министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, јавно упати серија прашања, во врска со индициите за постоење тајна фабрика за изработка на пасоши, кои неделникот ги објави минататa недела. Димитровски од портпаролот на МВР побара одговор на прашањата: дали за изработка на фалсификувани пасоши е неопходна машина, […]

Арсиќ: Анонимен испраќач ни го достави материјалот за пасошите

ноември 28, 2014

Новинарот на „Фокус“, Љубиша Арсиќ, кој е автор на текстот за фалсификуваните пасоши, за телевизијата „24 Вести“ тврди дека материјалот го добиле од анонимен испраќач. Според него, и видеоснимката и фотографиите најверојатно ги докажуваат претходните написи во „Фокус“ за изчезнати системи за изработка на пасоши.

Страна 1 од 1