Израел го прекрши меѓународното право со тенковско гранатирање во кое загина новинар, откриваат ОН

Стрелањето кон цивили, во овој пример, јасно препознатливи новинари, претставува кршење на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН и меѓународното право, се вели во извештајот на УНИФИЛ

-

Случајот во кој израелски тенк уби новинар на Ројтерс и рани шест други во Либан минатата година претставува прекршување на меѓународното право, покажа истрагата на Обединетите Нации.

Истрагата на Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), не утврди дека имало размена на оган преку границата на Израел и Либан повеќе од 40 минути пред тенкот да пука во Исам Абдалах, 37-годишен видео новинар за Ројтерс, соопшти Гардијан. 

„Стрелањето кон цивили, во овој пример, јасно препознатливи новинари, претставува кршење на Резолуцијата 1701 (2006) на Советот за безбедност на ОН и меѓународното право“, се вели во извештајот на УНИФИЛ, повикувајќи се на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност.

„Се проценува дека немало размена на оган преку Сината линија во моментот на инцидентот. Причината за нападот врз новинарите не е позната“, се додава во извештајот.

Според резолуцијата 1701, усвоена во 2006 година за да се стави крај на војната меѓу Израел и либанските борци на Хезболах, мировниците на ОН биле распоредени да го надгледуваат прекинот на огнот долж 120 километри демаркациона линија, или Сината линија, меѓу Израел и Либан.

Како дел од нивната мисија, трупите на ОН забележуваат прекршување на примирјето и ги истражуваат најстрашните случаи.

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Нир Динар, кажува дека Хезболах ги нападнале ИДФ во близина на израелската заедница Ханита на 13 октомври. Тие возвратиле со артилериски и тенковски оган за да се отстрани заканата.

„ИДФ изразува жалење за каква било повреда на неинволвирани страни и не стрела намерно врз цивили, вклучително и новинари“, тој додава дека слоботата на печатот е од најголема важност но и дека известување од воена зона е опасно.

Главната уредничка на Ројтерс, Алесандра Галони, побара од Израел да објасни како можел да се случи нападот во кој загина нивниот новинар.

Извештајот на УНИФИЛ беше испратен до Обединетите нации во Њујорк на 28 февруари. Портпаролот на ОН потврди дека извештајот бил споделен со двете страни.

„Повторуваме дека сите вклучени треба да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право и дека цивилите, вклучително и новинарите, никогаш не треба да бидат цел. Новинарите и медиумските професионалци мора да бидат заштитени“, рече портпаролот на ОН.

Наодите на УНИФИЛ даваат дополнителна поддршка на истрагата на Ројтерс, која покажа дека седум новинари од агенциите Франс прес, Ал Џезира и Ројтерс, биле погодени од куршуми со калибар 120 мм истрелани од тенк оддалечен 1,34 километри во Израел.

Новинарите снимале прекугранично гранатирање од далечина на отворен простор на рид во близина на либанското село Алма ал-Чааб речиси еден час пред нападот.

ИзворThe Guardian

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...