fbpx

Платформа за родова еднаквост: Да се гарантира безбедноста на новинарката Рита Бехадини

Овој напад врз Рита е само еден од многуте закани и напади кои неа лично ја таргетираат особено поради тоа што е жена која се залага во јавноста за родови прашања, велат од Платформата за родова еднаквост

-

Платформата за родова еднаквост најостро ги осудува говорот на омраза и заканите кон новинарката и активистка Рита Бехадини и апелира нејзината безбедност да биде загарантирана.

Станува збор за нејзината објава на социјалната мрежа Фејсбук во врска со оџата од Сарај. По објавите, таа била мета на закани од лица со профили на социјалната мрежа, а меѓу нив, посебно се одвојувала една која содржела експлицитна закана.

Во објавата од извесен профил именуван како Fisnik Hoxha се посочува заканата: ,,Ај избриши го постот што го напиша против оџата, семејството ќе ти го е****. Утре ќе дојдам пред Алсат, увото ќе ти го исечам со нож”.

„Солидарно со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бараме итна реакција затоа што заканите по живот се кривични дела опфатени во Кривичниот законик за што е предвидена затворска казна за сторителите. Оттука, МВР и ОЈО имаат обврска веднаш да ги истражат и процесираат овие експлицитни закани и да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат вакви кривични дела во иднина“, велат од Платформата за родова еднаквост.

Рита Бехадини го пријавила случајот во Министерството за внатрешни работи (МВР) до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, а од Платформата за родова еднаквост велат дека будно ќе ги следат активностите кои МВР ќе ги преземе.

Според истражувањето на ПИНА, над 81% од 103 анкетирани новинарки во земјава досега се соочиле со онлајн вознемирување поради нивната работа, најчесто преку социјалната мрежа Фејсбук.

„Но, проблемот не се само заканите! Критиката во објавата на Рита се однесува на тоа како патријархалните вредности преку религијата придонесуваат кон нормализирање на родово базираното насилство. Во време кога родово базираното насилство во реалноста останува несанкционирано, дигиталното насилство сè повеќе се зголемува. Така, овие закани се упатуваат со единствена цел да ги уплашат и обесхрабрат оние кои се залагаат за подобар свет“, велат од Платформата и додаваат дека „жените и девојките кои се гласни во дигиталниот простор за човековите права често се мета на закани“.

„Во последниве месеци сме сведоци на многу јавни искази на религиски лидери кои се полни со говор на омраза насочен кон жените и девојките, активист(к)ите за човекови права, со кои поттикнуваат на родово базирано насилство вршено од нивните следбеници. Овој напад врз Рита е само еден од многуте закани и напади кои неа лично ја таргетираат особено поради тоа што е жена која се залага во јавноста за родови прашања“, велат од Платформата за родова еднаквост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...