Нападнат советник на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, СДСМ и Стевчо Јакимовски вперуваат прст кон Мицкоски

-

По вчерашниот напад на советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Илиески од Совет на општина Карпош што го потврди и полицијата, градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски и СДСМ реагираат и бараат да се истражи евентуална поврзаност на нападот со раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Наталија Спировска, советничка од СДСМ во Советот на општина Карпош денеска го осуди физичкиот напад врз советникот Александар Илиески, за кој велат дека е недозволив во европска и демократска држава каква што е нашата.

„Во одредени медиуми се појавија информации дека нападот е директно врзан со начинот на делување на ВМРО-ДПМНЕ, поради критики на советникот кон оваа партија. Дали е за раце во медот или нешто друго? Тоа мора да се истражи и да се лоцира одговорност. Факт е дека ова во многу наликува на ВМРО-ДПМНЕ. Апелираме надлежните институции да постапат по овој случај, виновниците за нападот да се лоцираат и казнат, за веќе вакви инциденти да не се повторуваат“, изјави советничката од СДСМ, Наталија Спировска.

И градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски го осуди нападот врз советникот Александар Илиевски што се случи вчера. Тој тврди дека ваков преседан никогаш не се случил да биде нападнат советник во оваа општина, којшто има различно мислење од неговата советничка група.

„Основната причина зошто е нападнат советникот на кој што веќе подолго време му се праќаат закани е за неговата партија ВМРО-ДПМНЕ да може да прави поголеми опструкции од овие што сега ги прави. Јасно е дека советникот, со начинот на кој што функционира советничката група ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош, не се согласува подолго време и тоа е причина за заканување на истиот од колеги советници како и од обезбедувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски“, изјави градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска излегоа со кратко соопштение за претепувањето на советникот Александар Илиевски. Тие велат дека насилството врз политички неистомисленик повеќе наликува на методите на Оливер Спасовски, со кој се служи цел свој мандат.

„ВМРО-ДПМНЕ осудува и не поддржува никаков вид на насилство. А СДС да одговори зошто МВР на Спасовски се уште ги нема пронајдено виновниците за овој и за редица други случаи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, во Советот на општина Карпош коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ досега имаше тесно мнозинство на гласови. Седум советници има оваа коалиција, додека претседател на општинскиот совет е советникот Бранко Ристов од Левица, која има четири советнички места. СДСМ има осум советници во општинскиот совет, додека по два советника имаат партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски и групата избирачи – Невена Георгиевска.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...