Мостот што ќе ги поврзе Карпош и Злокуќани ќе биде готов до крајот на годинава

За изградбата на новиот мост се одвоени над 6,2 милиони евра и ќе поврзе два дела од градот, поточно фреквентните улици „Илинденска“ и „Скупи“

-

Новиот мост што се гради на реката Вардар на улицата Љубљанска во Општина Карпош ќе биде готов до крајот на годинава. Станува збор за мост што ќе ги поврзе населбите Карпош 4 и Злокуќани, а ќе биде со широчина од 24 метри со четири коловозни ленти, со пешачки и велосипедски патеки од двете страни. Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи при увидот во градежните работи што го изврши денеска, заедно со генералниот директор на ТАВ Неџат Курт.

За изградбата на новиот мост се одвоени над 6,2 милиони евра и ќе поврзе два дела од градот, поточно фреквентните улици „Илинденска“ и „Скупи“. Овој мост ќе биде нова патна врска помеѓу општините Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел и Шуто Оризари, информираат од владината прес-служба.

„Задоволен сум од динамиката со која се врши изградбата бидејќи долната конструкција на мостот е завршена и моментално се работи на горниот дел. Веќе е завршено и бетонирањето на главните носачи, попречните носачи и плочата помеѓу крајниот столб и средниот столб и во наредниот период ќе се поставуваат скелиња за поставување на плоча помеѓу столбовите“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи изрази задоволство за динамиката на започнатите проекти од ТАВ програмата.

„Имаме над 76% реализација на започнатите проекти од ТАВ програмата, и реализацијата на овие значајни проекти се одвива успешно според предвидената динамика. Од вкупно 82 започнати проекти во вредност од 49,7 милиони евра, до денес се завршени 60 инфраструктурни проекти во разни општини низ државата, а тековно се работи на 22 други. За останатите 10 проекти овие денови ќе почне реализацијата“, изјави Битиќи.

Генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт во неговата изјава рече дека мостот ќе биде голема придобивка за локалните заедници и дека ТАВ како аеродромски оператор, покрај аеродромското работење како главна дејност, со задоволство придонесува за развојот на локалната инфраструктура во Северна Македонија.

„Како еден од 90-те специјални проекти чија вкупна вредност е 49,7 милиони евра, мостот „Љубљанска” е од огромно значење бидејќи ќе поврзе два динамични дела на град Скопје и во исто време ќе додаде вредност и придобивка за локалните заедници и особено за граѓаните на град Скопје“, рече Курт и додаде дека тука нема да биде крајот на соработката со Владата на Северна Македонија во делот на подобрување на инфраструктурата.

Инаку, преку ТАВ програмата, Владата и ТАВ градат водоводи, канализации, спортски сали, патишта и улици, градинки, домови за стари лица, младински центри, поточно инфраструктурни проекти кои се значајни за нашите сограѓани.

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Израелскиот премиер негира дека Хамас се согласил на договорот со Газа за целосен прекин на огнот

Од канцеларијата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, негираат дека Хамас се согласил на предлогот за прекин на огнот во Газа, откако еден израелски функционер изјави дека палестинската милитантна група дала одобрение,...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес...