четврток, 22 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: изградба | 202 резултати

Автопатот Кичево – Охрид затрупан во свлечишта, ни по една деценија не се гледа крајот

13 февруари 2024

Наспроти оптимизмот што го ширеше власта дека од јануари оваа година до Охрид ќе се возиме по нов автопат, последните информации не влеваат надеж дека историската автопатска делница ќе биде завршена во скоро време. Пред автопатот Кичево-Охрид долг 57 километри, кој започна да се гради во февруари 2014 година во времето на власта предводена од […]

Почна постапка за фирмата што не ја изгради новата болница во Кичево

10 декември 2023

Почната е постапка за раскинување на договорот со фирмата која не успеа да ја заврши изградбата на болницата во Кичево, јави Порталб.мк Од Министерството за здравство за Порталб.мк соопштија дека е покрената постапка за раскинување на договорот со фирмата која не успеа да ја заврши изградбата на општата болница во Кичево. Порталб.мк ги обезбеди и […]

Контраспин: Уште ќе го возиме стариот пат до Охрид, власта допрва ќе барала нов изведувач

7 ноември 2023

Автопатот Кичево-Охрид навистина се гради речиси една деценија и после безброј анекси и ветувања сѐ уште се возиме по гужвите по стариот пат. Само, неразбирливо е зошто дури сега премиерот реши да бара ревизија на проектот и раскинување на договорот со изведувачот, кинеската компанија „Синохидро“. Зарем сега, неколку месеци пред избори ги забележа „дупките на […]

Раскинат договорот за болницата во Штип, ќе се активира банкарската гаранција

9 јули 2023

Еднострано е раскинат договорот за изградба на болницата во Штип, открива министерот за здравство, Фатмир Меџити, во интервју за „Макфакс“. Тој посочува дека ќе ја активира и банкарската гаранција бидејќи болницата се гради 16 години, требало да биде готова во 2018 година, а не е завршена ниту во 2023 година.

Мостот што ќе ги поврзе Карпош и Злокуќани ќе биде готов до крајот на годинава

4 јули 2023

Новиот мост што се гради на реката Вардар на улицата Љубљанска во Општина Карпош ќе биде готов до крајот на годинава. Станува збор за мост што ќе ги поврзе населбите Карпош 4 и Злокуќани, а ќе биде со широчина од 24 метри со четири коловозни ленти, со пешачки и велосипедски патеки од двете страни. Ова […]

Уште не се гледа крајот на експресниот пат Градско – Прилеп

30 јуни 2023

Изградбата на овој експресен пат долг 33,5 километри започна пред седум години, во време на мандатот на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Очекувањата на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски експресниот пат Градско – Прилеп да биде изграден најдоцна до средината на 2023 година, не се остварија. Експресниот пат не е завршен, а на […]

Мета факт: Не е изградена катна гаража за решавање на проблемот со паркирање во Автокоманда

27 јуни 2023

Градоначалникот на скопската општина Гази Баба, Бобан Стефковски пред одржувањето на локалните избори во 2021 година на жителите од населбата Автокоманда им вети изградба на катна гаража, со која ќе се реши проблемот со недостаток на паркинг места. Сепак, ваквото предизборно ветување на градоначалникот до ден денес не е исполнето, а општинските власти не сакаат […]

Бочварски за МИА: Пенали нема да има

29 април 2023

Компанијата Бехтел, согласно законот има обврска да ангажира најмалку 51 отсто домашни ресурси, што значи овде спаѓаат човечки ресурси, но и механизација, подизведувачи кои што ќе работат овде на терен, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервјуто за МИА. Изградбата на Коридорите 8 и 10 д, ќе значат нови 8.000 вработувања, нови […]

Најевтино ќе чини автопатот Тетово-Гостивар, за Гостивар-Кичево ќе се издвојат најмногу пари

13 март 2023

Автопатот Гостивар-Кичево ќе биде најсложен за градба и ќе чини најмногу средства од четирите проекти што ќе ги реализира американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ во земјава. За делот меѓу Гостивар и кичевското село Букојчани, каде треба да се изградат 30,3 километри, е предвидено да се издвојат 560 милиони евра. Ова беше кажано на денешниот брифинг на министерот […]

Само премиерот вози по нови 1.300 километри патишта

13 февруари 2023

Објавата на претседателот на Владата,  Димитар Ковачевски во која вели дека во последните пет години во земјата се изградени 1.300 километри нови патишта,  во нашата македонска реалност прозвучува чудно, па дури и смешно. Излегува дека годишно се граделе по 260 километри, или секоја недела по 5 километри?! Вистиномер побара од Владата попрецизна информација кои патишта […]

ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе продолжат да се градат годинава, но не во барокен стил

6 февруари 2023

Повеќе од единаесет години по основањето, најголемиот факултет во државата никако да добие свој сопствен објект. Бројот на студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) од година в година се зголемува, а „туѓите“ простории што ги користи институцијата и за кои плаќа кирија, стануваат премали за да ги задоволат потребите. Тесно е […]

Зградите на ФИНКИ и ФФОСЗ ќе продолжат да се градат догодина, ќе почне и реконструкцијата на државните студентски домови

12 декември 2022

Изградбата на објектите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) ќе продолжи догодина, информираше денеска министерот за образование Јетон Шаќири на прес-конференцијата на која беше образложен буџетот на Министерството за образование и наука (МОН) за 2023 година. Зградите на овие две високообразовни установи […]

Ковачевски: Го разбирам скептицизмот на граѓаните за пругата кон Бугарија, но ќе работиме напорно [Галерија]

29 октомври 2022

Свесен сум дека постои скептицизам, јас сум еден од оние кои практично пораснаа со проектот железница кон Бугарија. Од моментот кога станав свесен за тоа што се железнички коридори, тогаш почна да се гради овој железнички коридор и сѐ уште не е изграден. И знам зошто постои тој скептицизам, таа недоверба дека некогаш и ќе […]

Герасимовски: Поранешна „Треска“ да влезе во нов регулациски план заради подобра урбанизација

30 август 2022

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во денешното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21, го повика Град Скопје и институциите да се ангажираат за што подобра урбанизација на просторот на поранешната фабрика за мебел „Треска“. „Моето залагање е да што подобро го урбанизираме самиот простор, но не треба да занемариме и да имаме […]

Порталб: Првата фаза од два километра од автопатот Скопје-Приштина не заврши во февруари

9 март 2022

Директорот на ЈП „Македонски патишта“ ја продолжи „традицијата“ на своите сопартијци, за давање ветувања кои не исполнуваат, а се поврзани со изградбата на автопатот Скопје – Приштина, пишува Порталб.мк Текстот подолу го пренесуваме во целост: Иако се ветува долги години, Северна Македонија сè уште не успеа да ги изгради ниту првите два километра од овој […]

Вистиномер: Не се пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево-Охрид

6 јануари 2022

Во продолжение пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на ветување за автопатот Кичево-Охрид: Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на почетокот на декември минатата година, на прес-конференција за Буџетот на Министерството за 2021 година, меѓу другото, кажа: Најавуваме интензивна изградба на автопатот Кичево-Охрид, очекуваме веќе следната година да ги пуштиме во сообраќај и првите 20 километри. […]

„Зелен хуман град“ со протест против сечењето дрвја во Аеродром, од Град Скопје велат ќе се садат нови

22 септември 2021

Планираното сечење на 100 зрели дрвја за проширување на улицата Васко Карангелески во Општина Аеродром денеска на протест ги извади граѓаните и претставниците на „Зелен Хуман Град“. „Бараме веднаш да се запре со планираното проширување и да не се дозволи масакр на здрави зрели дрвја во Аеродром – една од најзагадените општини во еден од […]

Порталб.мк: Албанија ќе ги заврши работите на „Патот на Арбер“, С.Македонија сè уште не почнала

3 јули 2021

На заедничкиот состанок на владите на Северна Македонија и на Албанија, водачите на двете соседни земји ветија дека ќе соработуваат во изградбата на „Патот на Арбер“. Инфраструктурниот развој на овој пат ќе донесе големи придобивки за економијата на двете земји, а истовремено ќе овозможи брз и безбеден пристап на РСМ до пристаништата на Албанија. Меѓутоа, […]

Одлуката донесена лани, а изградбата на библиотеката „Цветан Димов“ на Бит Пазар сè уште не е започната

23 јуни 2021

Проектот за изградба на новиот објект на библиотеката „Цветан Димов“ на скопски Бит Пазар сè уште не е започнат. Овој проект беше одобрен во март минатата година од Советот на град Скопје, но сè уште нема активности во правец на започнување на градежните работи, иако помина повеќе од една година од неговото одобрување и, најверојатно, […]

Порталб: 5 месеци пред изборите, од Општината велат дека ќе се отвори булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово

29 мај 2021

По скоро осум години непроменета состојба, шест месеци пред изборите, Општина Тетово се активира за да ги заврши работите на булеварот „Благоја Тоска“. Од општината вчера соопштија дека експропријацијата на сите имоти е завршена додека на сопствениците им е врачена одлуката за уривање на објектите и дека овој булевар ќе биде отворен за време на […]

Страна 1 од 10