fbpx

Новиот мост во Карпош 4 ќе биде пуштен во употреба до крајот на годинава

За изведба на градежните работи на мостот на Љубљанска во Општина Карпош се издвоени над 6,2 милиони евра, а со мостот ќе се овозможи меѓусебно поврзување на општините Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел и Шуто Оризари

-

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, денеска изврши увид во градежните работи на мостот на Љубљанска во Општина Карпош. До крајот на годинава треба да заврши изградбата на овој мост, кој треба да ја поврзе улицата Љубљанска во Карпош 4 со улицата Скупи во Злокуќани.

Новиот мост ќе има широчина од 24 метри со четири коловозни ленти, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни.

За изведба на градежните работи на мостот на Љубљанска во Општина Карпош се издвоени над 6,2 милиони евра, а со мостот ќе се овозможи меѓусебно поврзување на општините Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел и Шуто Оризари. Проектот го изведува ТАВ Конструкшн, а подизведувач е ГД „Гранит“ АД Скопје.

„Долната конструкција на мостот е веќе завршена и моментално се работи на средишниот горен дел, чиешто бетонирање на завршниот дел од горната конструкција е планирано да заврши во текот на идниот месец. Сите столбови и сите основни елементи на мостот се веќе завршени, а подизведувачот моментално работи на поставување скелиња на горниот дел“, изјави премиерот Ковачевски.

„Она што останува е Град Скопје да го заврши поврзувањето на мостот, од двете страни. На едната страна пред нас со булеварот „Илинденска“, и на другата страна од мостот. Така што, тоа е нешто што мора да биде направено исто кога ќе биде завршен и мостот со оглед на тоа што мостот секогаш претставува едно целосно архитектонско градежно решение поврзано со целата инфраструктура којашто оди заедно со овој мост кој ќе биде изграден“, рече премиерот.

Тој додаде дека од ТАВ програмата се реализирани близу 80 отсто од сите проекти кои беа предвидени и започнати, и нивната изведба се одвива според планираното. Од вкупно 83 започнати проекти во вредност од 50 милиони евра, до денес се завршени 64 инфраструктурни проекти. Тековно се работи и на 19 преостанати проекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...