Започнаа трките на 5 и 10 километри во рамки на “November Run Gevgelija 2023”. Како што велат организаторите од општината, десеткилометарската трка е главен настан за државното првенство, па победникот ќе биде прогласен за државен шампион од Атлетската федерација на Македонија.
Според она што беше најавено на прес-конференција пред почетокот на трката, таа е организирана според правилата на Меѓународната атлетска федерација, како и на Атлетската федерација на Македонија.
Станува збор за кружна патека при што учесниците на 10 километарска трка трчаат два круга.
Првите пет натпреварувачи со најдобро време и во машка и во женска конкуренција на двете трки ќе добијат парични награди. Награди ќе има и во случај да биде срушен рекордот на патеката.
Поради неповолните временски услови, сите трки закажани кои беа закажани за в сабота се одложени за денеска. Нивниот старт ќе биде по завршувањето на трките од 5 и 10 километри. Детската трка од прва категорија ќе започне во 11:30 часот, од втора категорија во 12 часот, а од трета во 12:30 часот. Трката „Ран тугедер“ (Run Together), пак, ќе започне во 13 часот.
Настанот се организира во рамки на одбележувањето на 7 Ноември, денот на ослободувањето на Гевгелија.
View this post on Instagram