fbpx

Полски државјанин баран од Интерпол фатен на ГП Богородица со лажна лична карта

Исправата ја употребил како вистинита иако таа се разликувала од оригиналната и во техниката на печатење на образецот и нејзино персонализирање, квалитетот на  хартијата, заштитните знаци, како и во сјајот и интезитетот на застапените бои

-

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против полски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска став 1 од Кривичниот законик, информираат оттаму.

„На 26 октомври, осомничениот како патник во автобус со грчки регистарски ознаки се јавил за влез во земјава на граничниот премин „Богородица“. При редовна контрола од страна на овластени службени лица, тој употребил лажна јавна исправа, полска лична карта со туѓо име“, наведено е во соопштението.

Исправата ја употребил како вистинита иако таа се разликувала од оригиналната и во техниката на печатење на образецот и нејзино персонализирање, квалитетот на  хартијата, заштитните знаци, како и во сјајот и интезитетот на застапените бои. При дополнителна контрола било утврдено дека осомничениот се бара со меѓународна потрага од страна на Интерпол Варшава, Полска за сторени кривични дела – тешка кражба и измама.

„Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му ја определи бараната притворска мерка“, пишува во соопштението од Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...