fbpx

Со старо видео погрешно се прикажува дека Макрон бил погоден со јајце во Египет

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, не бил погоден со јајце во Каиро при неговата неодамнешна посета, туку во 2017 година и не во Египет, туку во Париз на земјоделско шоу. Исто така, нема никакви информации или аргументи дека граѓаните на Египет биле „воодушевени од можноста да го гаѓаат Макрон со јајца“

-

Видео од 2017 година снимено во Париз, на кое се гледа дека францускиот претседател Макрон бил погоден со јајце, погрешно се претставува дека е наводно од Египет. Неодамна Макрон го посети Египет во контекст на проблемите во Газа, меѓутоа средбата со египетскиот претседател помина во процедурален ред без никакви инциденти, наспроти наведеното во објавата што ја рецензираме, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и пишува:

Граѓаните на Египет воодушевени од можноста да го гаѓаат Макрон со јајца.

Во склоп на објавата во видеоматеријалот се гледа  претседателот на Франција, Емануел Макрон заедно со неговото обезбедување меѓу група на луѓе. Во еден момент на видеото се гледа дека тој е погоден со јајце, а обезбедувањето застанува во негова заштита. Клипот е краток и трае само 3 секунди.

Меѓутоа, видеото е старо, не е од Египет и не потекнува од неодамнешната средба и посета на Макрон на Египет.

Претседателот на Франција Макрон го посети Каиро, Египет, за да се сретне со претседателот на Египет, Абдел Фатах ал Сиси. Како што објави „Ројтерс“, Макрон замина за Јордан и Египет еден ден откако го посети Израел, каде рече дека коалицијата од десетици земји која се бори против милитантите на исламска држава во Ирак и Сирија, треба да ја вклучи и борбата против палестинската милитантна група Хамас во Газа.

Дополнително, тој на заедничка прес-конференција со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси во Каиро кажа дека хуманитарната помош мора да влезе во Газа без пречки. Тој додаде дека е клучно да се обезбеди гориво за болниците, додавајќи дека француски брод од морнарицата наскоро ќе пристигне за да донесе помош за болниците во Газа, а авион ќе пристигне во Египет носејќи потребна помош за Газа.

Меѓутоа, видеото од три секунди презентирано во објавата што ја рецензираме, не потекнува од оваа посета. Станува збор за постар видеоматеријал, каде навистина Макрон беше погоден со јајце, ама во 2017 година во Париз.

Видеото може да се погледне на следниот линк и е објавено пред 6 години.

Како што објавуваат проверувачите на факти на Њуз Мобајл, инцидентот се случил додека Макрон во 2017 година присуствувал на земјоделско шоу, кога демонстрант замавнал и го погодил.

На 1 март 2017 година, британски „Експрес“ наведе дека Макрон бил нападнат со јајце додека присуствувал на Меѓународниот салон за земјоделство во Париз во 2017.

Инаку, при неговата неодамнешна посета на Каиро на 25 октомври, францускиот претседател подвлече дека е неопходно да се избегне регионална ескалација после конфликтот меѓу Израел и Хамас, додавајќи дека е потребно решение меѓу двете држави за да се обезбеди мирот на Средниот Исток. На истиот состанок, претседателот на Египет, ал Сиси, посочи дека се согласил со Макрон да работи на справување со кризата во Газа, да се обезбеди проток на помош и да се спречат други страни од вклучување во конфликтот. Сиси додаде оти Макрон сфатил дека какво било раселување или преместување на Палестинците од Газа кон територијата на Египет би било „екстремно опасно“.

Ги осудуваме сите акции кои влијаат врз цивилите и ова би требало да се адресира со унифициран стандард, додаде Сиси.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме невистинита. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, не бил погоден со јајце во Каиро при неговата неодамнешна посета, туку во 2017 година и не во Египет, туку во Париз на земјоделско шоу. Исто така, нема никакви информации или аргументи дека граѓаните на Египет биле „воодушевени од можноста да го гаѓаат Макрон со јајца.“ Овде станува збор за дезинформации во редица, појава позната како „редење на картите“ (card stacking), каде што една дезинформација се накалемува врз друга, па трета и слично. Во конкретниов случај, манипулацијата со видеото, со кое невистинито се имплицира дека Макрон бил погоден со јајце во Каиро, се користи да се нареди уште една дезинформација за наводно воодушевување на египетските граѓани од пружената шанса.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промовирани новите полициски службеници, генерација 2023-2024

Денеска се одржа пригодна церемонија по повод свечената Промоција на нови полициски службеници - генерација 2023-2024 година, во Центарот за обука на МВР во Идризово, на која покрај раководството...