понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Египет | 120 резултати

Стара невистинита вест дека пијан Србин убил ајкула во Египет, преку руски медиуми стаса и кај нас

19 мај 2024

Уште во 2010 година Дејли Мејл пишува за лажниот настан на српски турист, кој убил ајкула која ги плашела туристите во египетскиот туристички центар Шарм ел Шеик. Приказната станала интернет сензација и веднаш биле покренати многу прашања за нејзината автентичност, а според некои од коментарите, таа потекнува од сатиричен сајт. Проверката на Вистиномер покажа дека оваа […]

Израел ги интензивира нападите врз бегалскиот камп Џабалија

13 мај 2024

Египет ќе го поддржи случајот на Јужна Африка пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој го обвинува Израел за геноцид во војната во Газа, пишува Гардијан. Во соопштение на Министерството за надворешни работи на Египет, се вели дека поддршката на случајот доаѓа откако израелските напади врз палестинските цивили во Појасот Газа се влошиле. Понатаму, укажуваат […]

Лидерот на Хамас пристигна на преговори во Египет

20 декември 2023

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханијех пристигна во Египет за да се сретне со египетски посредници во преговорите со Израел. Се смета оти ќе се преговара околу воведување примирје во Газа, известува Би-би-си. Ханијех, инаку, живее во Катар. Според Гардијан, средби меѓу премиерот на Катар и високо рангирани членови на ЦИА поминале „позитивно“. Сепак, еден од […]

Видео од 2013 година од болница во Египет, претставено дека е од болницата Ал Шифа во Газа

24 ноември 2023

Видеоматеријалот што се споделува на Фејсбук не е направен сега – ноември 2023 година, во болницата во Газа, туку е снимен пред 10 години во болница во Каиро. Видеоматеријалот е погрешно означен поради што во објавата се пропушта контекстот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната […]

Со старо видео погрешно се прикажува дека Макрон бил погоден со јајце во Египет

8 ноември 2023

Видео од 2017 година снимено во Париз, на кое се гледа дека францускиот претседател Макрон бил погоден со јајце, погрешно се претставува дека е наводно од Египет. Неодамна Макрон го посети Египет во контекст на проблемите во Газа, меѓутоа средбата со египетскиот претседател помина во процедурален ред без никакви инциденти, наспроти наведеното во објавата што […]

Израел без престан бомбардира во Газа, УНИЦЕФ регистрира трауми кај палестинските деца

1 ноември 2023

Откако израелските одбранбени сили им наредија на жителите на Појасот Газа во северниот дел од Појасот Газа да се евакуираат во јужниот дел на Газа, забележани се најмалку четири инстанци на бомбардирање кои биле назначени како „безбедни“ од Израел, известува Би-би-си во нивната анализа. По бомбардирањето во југот на Газа, Обединетите нации и други хуманитарни […]

Шолц вети германска помош во египетските напори кон ослободување на заложниците на Хамас

19 октомври 2023

Германскиот канцелар Олаф Шолц му ја вети германската помош на египетскиот лидер Абдел Фатах ал-Сиси во напорите да се обезбеди ослободување на израелските граѓани кои се заложници на исламистичката милитантна група Хамас, пренесува германската агенција ДПА. „Вложуваме максимални напори да го обезбедиме нивното ослободување“, рече Шолц на прес-конференција со Фатах ал-Сиси вчера во Каиро. Шолц […]

Египет го предупредил Израел за нападот на Хамас три дена претходно, потврдува американски политичар

12 октомври 2023

Директорот на Американскиот конгресен комитет за надворешни работи Мајкл Мекол потврди дека Израел добил предупредување од Египет за нападот на Хамас три дена пред истиот да се случи, известува Гардијан. „Не сакам да навлегувам премногу во класифицирани детали, но беше пренесено предупредување“, изјави Мекол. Тој рече дека нападот можеби бил планиран уште пред една година. […]

Дезинформација е дека тештата на Зеленски поседува вила во Египет

5 септември 2023

Самиот сопственик на фирмата која го поседува луксузниот комплекс во Египет, Наџиб Сауирис на Твитер објави дека е дезинформација оти Зеленски или кој било од неговата фамилија купил имот во неговиот комплекс (комплексот што го управува неговата фирма), туку дека вилата е во сопственост на египетско семејство, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го […]

Не може да се потврди дека Египет го повлекол признавањето на Косово

15 август 2023

Веста што на својот ФБ профил ја објави лидерот на Левица, Димитар Апасиев, дека Египет го повлекол признавањето на Косово, со некаква алузија дека тоа се случува додека е тој во Египет на одмор и дека од тој аспект е поуспешен од министерот Бујар Османи, коj лобираше за признавање на Косово од Шпанија – е […]

Утре почнува КОП 27, светот мора да преземе посилна акција за климатските предизвици

5 ноември 2022

Лидери на држави, министри, активисти и претставници на граѓанските организации ќе бидат дел од Меѓународната климатска конференција COP 27, која започнува утре во Шарм Ел-Шеик во Египет и ќе трае до 18 ноември. Најголемиот собир во светот посветен на климатските активности ќе треба да биде надоврзување на резултатите од COP 26 и да поттикне акција […]

Светот паѓа на тестот за емисиите на штетни гасови

27 октомври 2022

Во 2018 година, научниците на Обединетите нации (ОН) од областа на климата и климатските промени, предупредија дека ако светот сака да го спречи зголемувањето на глобалните просечни температури за повеќе од 1,5 степени целзиусови, ќе мора да исполни една од целите на Парискиот климатски договор – човештвото да ги намали емисиите на штетни гасови на […]

Ал Сиси ќе се кандидира за втор мандат

20 јануари 2018

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси објави дека ќе се кандидира за втор мандат на претседателските избори во март оваа година. -Искрено и отворено ја објавувам својата кандидатура за должноста претседател на Републиката и се надевам дека ќе ја прифатите – рече Сиси. Тој ова го изјави во говорот кој го одржа на конференцијата посветена на […]

Претседателски избори во Египет од 26 до 28 март

8 јануари 2018

Претседателските избори во Египет ќе бидат одржани од 26 до 28 март, а евентуалниот втор круг во април, соопшти египетската изборна комисија. Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел-Сиси се уште не објави дали ќе се кандидира за втор четиригодишен мандат, но се очекува неговото учество и победа на изборите. Ако ниту еден кандидат не освои […]

Заев испрати писмо со сочувство до египетскиот претседател за нападот на Синај

26 ноември 2017

Премиерот Зоран Заев, во име на Владата и на граѓаните на Република Македонија, испрати писмо со сочувство до претседателот на Египет, Абдул Фатах ал-Сиси, за нападот во џамијата во Бир ал-Абед на Синај, во кој загинаа повеќе од 300 лица, меѓу кои и деца. „Прифатете го моето најдлабоко сочувство за трагичниот настан и за загубените животи. […]

Се зголемува бројот на загинати во нападот на Синај

25 ноември 2017

Бројот на загинати во нападот на џамија во северниот дел на египетскиот Синајски Полуостров се зголеми на 305 лица, додека најмалку 126 лица се повредени, соопшти денеска египетското државно обвинителство. Главниот државен обвинител, Набил Садек, соопштил дека нападот го извршиле меѓу 25 и 30 милитанти и дека меѓу загинатите 27 се деца, пренесуваат светските медиумите. Милитантите […]

Египетската војска гаѓала и уништила возила користени во нападот на Синај

25 ноември 2017

Египетската војска денеска соопшти дека нејзини авиони извршиле напади во кои биле погодени повеќе возила користени во нападот во Северен Синај, во кој беа убиени 235 лица, јавуваат светските агенции. Војската соопштила дека возилата се уништени, а лицата кои биле во нив се убиени. Возилата, според соопштението, се наоѓале во близина на џамијата каде вчера […]

Бројот на загинати во Египет се зголеми на 235 лица, претседателот најави „брутален“ одговор

24 ноември 2017

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денеска најави „брутален“ одговор по нападот врз џамијата во Синај, во кој, според новите сознанија, животите ги загубиле 235 луѓе. – Вооружените сили и полицијата ќе ги одмаздат нашите маченици и набргу со сила ќе ги вратат безбедноста и стабилноста – рече Сиси во телевизиското обраќање. Египетската војска почна со воздушни […]

Бројот на загинатите во Синај се зголеми на 184 лица

24 ноември 2017

Бројот на загинатите во експлозијата и во нападот на џамијата на Синај се зголеми на 184 лица, а на повредените на 120 лица, јавуваат светските медиуми. Вооружените напаѓачи упаднале во џамијата за време на молитвата на локалните безбедносни припадници. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, а Египет веќе со години се бори со екстремистите, […]

Нападната џамија на Синај – 85 загинати и 80 повредени

24 ноември 2017

Најмалку 85 лица загинаа, а 80 се повредени во експлозија и вооружен напад на џамија на египетскиот полуостров Синај. Како што јавуваат светските медиуми, вооружени напаѓачи упаднале во црквата за време на молитва. Египетското министерство за здравство не ја исклучува можноста бројот за загинатите да се зголеми. Очевидци велат дека експлозивна направа била активирана кај […]

Страна 1 од 6