fbpx

ЕСМ: Започна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица”

Од претпријатието велат дека не очекуваат отстранувањето на топловодот да влијае на следна грејна сезона

-

Екипи на АД Електрани на Северна Македонија, денеска започнаа да го отстрануваат опожарениот топловод на мостот „Беласица”, кој беше оштетен пред околу два месеци, соопштија оттаму. Предвидено е, додаваат во претпријатието, демонтажата да се заврши во најкус можен рок, за во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 да има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија.

Инаку мостот сè уште е вон употреба. На 12 мај изби пожар кој беше причина да биде затворен за сообраќај. Пожарникарите не смееле да гаснат затоа што немале информации какви инсталации минуваат под мостот.

Како што тогаш соопштија од Центарот за управување со кризи, под мостот имало само една електрична инсталација со која се напојуваат светилките на мостот, а во средина на мостот минувала цевка со дијаметар од еден метар, низ која минува топла вода за парното во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...