Започна грејната сезона во Скопје, АД ЕСМ ветува топли радијатори цела зима

-

Започна грејната сезона во Скопје. Радијаторите се затоплија, а како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, парно греење ќе има до крајот на сезоната и посочи дека граѓаните не треба да стравуваат бидејќи институциите се подготвени да обезбедат енергенси за целата зима.

Министерот денеска беше во посета на Топланата Исток, заедно со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Компанијата непосредно пред почетокот на грејната сезона ги зема лиценците за производство, снабдување и дистрибуциуја со топлинска енергија, кои беа одземени на досегашниот оператор БЕГ. АД ЕСМ, освен со топланите раководи и со РЕК Битола и ТЕЦ Неготино, каде годинава за првпат се работи со два котли и произведува електрична енергија од 170 мегават часа.

Бектеши информира дека Владата работи во делот на регулираниот пазар за домаќинствата и малите потрошувачи, целата сезона да бидат снабдувани со електрична енергија од домашни капацитети, а прави напори и за дел од слободниот пазар. Тој вели дека земјава е подготвена да не зависи од увоз на енергија и од промени на цените во регионот или пошироко.

„Фактот дека денеска во Скопје имаме парно и електрична енергија во целата земја е потврда дека добро сме се подготвиле и така ќе остане до крајот на сезоната“, изјави Бектешии.

Според директорот Ковачевски, грејната сезона утрово не започна за околу 80 објекти низ градот, кои имаат некои технички проблеми или проблем со потстаниците, за кои апелираше што побрзо да ги решат за да добијат топлинска енергија. Тој посочи дека почетокот на грејната сезона не значи само старт на работа на топланите, туку и зголемена побарувачка за електрична енергија. Најави дека е обезбеден енергенс за топланите за до крајот на овој месец, а за понатаму во зависност од почетокот на работата на ТЕ-ТО ќе се знае дали ќе се користи топлинската енергија од таму или топланите Исток и Запад ќе продолжат независно да произведуваат.

„Намалувањето на температурите повлекува и зголемена потрошувачка на струја и кај домаќинствата и кај институциите и компаниите. Подготвени сме за зголемено производство, во функција од денеска се двата блока на РЕК Битола, а како и ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино која работи со двата котли и испорачува 180 мегавати снага. Хидропотенцијалот во моментов најмалку се користи и ја штедиме водата, со што го исполнуваме планот во време на енергетска криза што повеќе да произведеме енергија од домашни извори“, рече Ковачевски.

Тој информира дека на депонијата во РЕК Битола има над 200.000 тони резерви на јаглен, а во Осломеј околу 50.000 тони, а во складиштата на ТЕЦ Неготино има складирано околу 15.000 тони мазут и дека со овој начин на менаџирање на електри-енергетските капацитети во земјата, успешно ќе се преброди претстојната енергетска криза.

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се веќе навикнати...

(Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

„Гуш и бац е љубов“, е настан кој по шести пат вчера се одржа на Школка во Градски парк. како што велат организаторите, здружението „Аутизам ААМК“, настанот бил прослава на детската...

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Британските, но и дел од македонските медиуми во сензационалистички манир ги претставија ставовите на некогашниот премиер на Обединетото кралство, Тони Блер, како дефинитивен пораз на поборниците за климатски промени. Но, голем дел...

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Годинaшната државна матура ќе се спроведува не само во средните училишта, туку и во простории на пет државни универзитети низ земјата. Како што потврдуваат од Државниот испитен центар (ДИЦ) за Мета.мк,...

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се...