fbpx

Додека се санираат цевките на мостот на Беласица, ќе се користи водот од железничкиот мост

Од државното акционерско друштво велат дека поставувањето на новите цевки е комплексна активност и бара сериозна посветеност и работа и ќе се вложеле максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок

-

Парно во Скопје од 15 октомври ќе има, граѓаните треба да бидат спокојни, порачуваат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Додека траат активностите за поставување на новите цевки од топловодот на мостот Беласица, АД ЕСМ ќе го користи алтернативниот вод на железничкиот мост преку кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите.

„Во текот на изминатите недели, АД ЕСМ активно работи на решение за проблемот со цевководот кај мостот Беласица, кој е од суштинска важност за парното греење во Град Скопје. Успешно беа отстранети оштетените цевки и донесени се нови. Бидејќи мостот е под надлежност на Град Скопје, АД ЕСМ е во постојана комуникација со нив, каде се бара заедничко решение за санирање на овој проблем“, се наведува во соопштение на АД ЕСМ.

Од државното акционерско друштво велат дека поставувањето на новите цевки е комплексна активност и бара сериозна посветеност и работа и ќе вложеле максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок.

„АД ЕСМ уверува дека цевководот ќе биде целосно функционален и ќе се обезбеди непрекинато парно греење за граѓаните на Град Скопје. Согласно законската обврска на 15 октомври радијаторите ќе бидат топли, граѓаните да бидат спокојни, парно ќе има“, стои во соопштението на АД ЕСМ.

Инаку, скопската градоначалничка Данела Арсовска пред само неколку дена изјави дека минорните оштетувања на мостот Беласица треба да ги направи АД ЕСМ, а дури потоа да почне поставувањето на новите цевки од топловодот. Таа посочи дека дури Градот Скопје и да сака да пристапи на санацијата на мостот, ќе треба ново буџетирање, нова програма и ќе требаат одлуки на Совет на град Скопје, а сето ова ќе треба време, додека ЕСМ санацијата би ја завршил пред да почне грејната сезона.

Поради ваквиот спор меѓу АД ЕСМ и Град Скопје во врска со тоа кој треба да го санира мостот, веќе неколку месеци не се поставени нови цевки од топловодот што минуваат под мостот Беласица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...