Мета факт: Пецаков не го исполни ветувањето за нова вело-патека од Охрид до Св. Стефан

Врз основа на сликата од терен, како и врз основа на одговорите од институциите, можеме да заклучиме дека ветувањето за изградба на велосипедска патека од Охрид до Св. Стефан, не е исполнето

-

Во предизборната кампања пред локалните избори во 2021 година, тогашниот кандидат за градоачалник од ВМРО-ДПМНЕ за Охрид, Кирил Пецаков, даде ветување дека ќе изгради велосипедска патека од Охрид до Свети Стефан за, како што рече, безбедно движење на велосипедистите од излезот на градот до туристичката населба. До овој момент, нема градежни работи на потегот Охрид – Св. Стефан, поради што ова ветување го оценуваме како неисполнето.

Во периодот на предизборието, Пецаков го изјави следново:

„Охриѓани и гостите со оваа патека добиваат ново место за рекреација на современ и модерен начин и можност да го користат своето време активно практикувајќи здрави навики за возење велосипед. Проектот е и во функција на заштита и унапредување на животната средина“.

Тој исто така кажа дека овој проект, покрај задоволување на големиот интерес на населението за патување со велосипед, ќе придонесе и за подобрена туристичката понуда во Охрид и дека директно ќе се придонесе за зголемување на атрактивноста на градот, привлекување и задржување на посетителите.

Ова лето, поточно на 28 август, екипа на Мета.мк беше во Охрид, за да провери дали е започната изградбата на велосипедската патека. На терен немаше никакви градежни активности. Можеше да се забележи обрасната трева по срединната на патот кој води од Охрид до Св. Стефан.

Претходно пак, на 15 август, Мета.мк испрати прашања на електронска пошта до општина Охрид за ова ветување на Пецаков. Откако не добивме одговори, искомунициравме телефонски со портпаролот на општината, кој ни кажа дека користи годишен одмор и дека не е во можност да одговори на прашањата.

До денеска, немаме одговори на прашањата кои гласеа: Во која фаза е реализацијата на овој проект? Колку километри ќе биде долга велосипедската патека која ќе почнува од Охрид до Св. Стефан? Колку пари ќе чини реализацијата на овој проект? Дали се консултиравте со јавното претпријатие за државни патишта со оглед на фактот дека патеката е предвидено да се наоѓа меѓу двете коловозни ленти и со оглед на фактот дека тој пат е под нивно владение?

Во врска со ова ветување, Мета.мк се обрати и во ЈП за државни патишта. Од таму ни појаснија дека во вакви ситуации, општинарите треба да побараат дозвола од Министерството за транспорт и врски, кои пак, треба да дадат дозвола за да може да се реализира проектот.

„Во однос на вашето прашање, Ве информираме дека до Министерството за транспорт и врски не е пристигнато барање од општина Охрид за дозвола во врска со наведениот проект за изградба на вело-патека“. 

Врз основа на сликата од терен, како и врз основа на одговорите од институциите, можеме да заклучиме дека ветувањето за изградба на велосипедска патека од Охрид до Св. Стефан, не е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

Фејсбук профил на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков (27.10.2021), проверено на 12.09.2023 година;

Канал 5 (27.10.2021), Пецаков: Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан, проверено на 12.09.2023 година.

 

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест стојалишта, пет...

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година

Младинскиот образовен форум (МОФ) соопшти дека ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. Овој настан претставува признание за долгогодишните напори...

Две новороденчиња во прилепско починаа од премрзнување

Две новороденчиња - близнаци од прилепското село Славеј, стари околу 20 дена, починале вчера попладне.   Од Општата болница Прилеп соопштија дека се работи за машко и женско новороденче, кои се родиле...

Измама: „Нептун“ не нуди „Маршал“ звучници за 612 денари

Во невистинитата објава, всушност се прави психолошки притисок врз граѓаните, да немаат време да размислуваат или да се премислат пред да ги остават своите банкарски податоци, затоа што им се става...

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест...