петок, 14 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: ветување | 83 резултати

Штом ќе бидат одобрени 100-те милиони евра, може да се смета и за реализирано ветување

27 септември 2024

Тврдењето на СДСМ дека Владата нема да го го реализира ова ветување во текот на годинава, бидејќи неможноста да се потрошат 100-те милиони евра била очигледна, е само половична вистина, зашто таквото тврдење содржи спинуван елемент. Вистина е дека ветувањето може да се смета за „реализирано“ во голем дел, по одобрувањето на проектите од страна […]

Мета факт: Градоначалникот Митевски набави лаптопи за ученици од социјално-ранливи категории

30 јули 2024

Актуелниот градоначалник на општина Петровец, Борче Митевски, во својата предизборна програма вети поддршка за социјално-ранливите семејства, преку набавка на дигитални уреди за образование, како и набавка на лаптопи за наставниците во училиштата во оваа општина. Според одговорите што ги добивме од општинарите, овие уреди се набавени, по што може да се заклучи дека ветувањата што […]

Ветувањето за носење закони во редовна постапка „прегазено“ по скратена постапка

28 јуни 2024

Само десетина дена по конституирањето на Собранието, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ го прекршија предизборното ветување дека скратената постапка при донесување закони ќе биде исклучок, а не правило. Најпрвин на 7 јуни по скратена постапка беа донесени измените на Законот за реорганизација на министерствата, а потоа на 25 јуни по иста процедура беа усвоени и корекциите […]

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

27 април 2024

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина – Скопје, кој беше единствената меѓународна железничка линија од С.Македонија. Електрификацијата на оваа пруга воопшто не се споменува во новата изборна програма  на СДСМ, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме […]

ДУИ не го исполни предизборното ветување, основните училишта во Тетово ги остави без спортски сали

24 март 2024

Не е исполнето изборното ветување за 2020 година на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за изградба на осум спортски сали за основните училишта во Тетово. Од осумте ветени спортски сали изградена е само една, пренесува Порталб.мк. Во изборната програма 2020-2024, на последните парламентарни избори со која настапуваше ДУИ, во делот за капиталните проекти во образованието се […]

Ги нема ветените 20 евра на сметките на родителите со ниски примања

14 март 2024

Mинистерството за образование и наука (МОН) го објави четвртиот јавен повик за финансиска поддршка на основци и средношколци од семејства чии приходи во месецот не надминуваат 50.000 денари. Постојано се објавуваат нови повици, а во меѓувреме, стотици родители досега не добиле финансиска помош за ниту еден месец, иако уредно и навремено доставиле потребни документи. Иако […]

Мета факт: Младите од Карпош не добија можност за практикантство во локални компании

27 февруари 2024

Градоначалникот на Општината Карпош, Стевче Јакимовски во својата изборна програма „Моќен сојуз, јас и вие“, вети дека локалната власт ќе им даде поддршка на младите жители за стекнување практикантско искуство во фирми од Карпош. Во програмата на Јакимовски, во делот посветен на младите, се предложени три проекти, со кои, покрај отворањето на канцеларија за млади […]

Мета факт: Општина Карпош не изгради трим патека до крстот на Водно

6 февруари 2024

Општината Карпош досега не изгради трим патека за рекреација на граѓаните до Милениумскиот крст на Водно, иако овој проект беше едно од изборните ветувања на градоначалникот Стевче Јакимовски. Од Општината сега информираат дека не се подготвени самостојно да го реализираат овој проект, туку дека само би учествувале доколку Градот Скопје го реализира. Според ова, можеме […]

МЕТА ФАКТ: Помина уште една година, ветената доизградба на зградите на ФИНКИ и ФФК не продолжи

2 јануари 2024

Најголемиот и најброен факултет во државата, ФИНКИ, останува без свој сопствен објект, исто како и неговиот „иден сосед“ – Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ). Најавата дека изградбата на зградите на овие два факултета ќе продолжи годинава не се реализираше и според тоа, ова ветување на министерот за образование и наука Јетон Шаќири […]

Мета факт: Владата не создаде и не објави регистар на млади умови

21 ноември 2023

Во Програмата за работа на Владата на Македонија од 2022 година, потпишана од тогашниот мандатор Димитар Ковачевски, во делот насловен како „Младите во фокусот“, е наведено ветување дека ќе се создаде и објави, „регистар на наши млади умови ширум светот“, кои треба да учествуваат во креирањето политики. Според одговорите што ги добивме од Владата, ваков […]

Мета факт: Реконструкцијата на спортската сала „Партизан“ во Карпош е во завршна фаза

17 октомври 2023

Култната спортска сала „Партизан“ во скопската населба Карпош 3 во моментов интензивно се реконструира и се наоѓа во завршна фаза на реализација. Овој спортски објект со години наназад беше разурнат, иако е донација од француската влада по скопскиот земјотрес од 1963 година. Со средства од буџетот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), салата „Партизан“ […]

Мета факт: Пецаков не го исполни ветувањето за нова вело-патека од Охрид до Св. Стефан

3 октомври 2023

Во предизборната кампања пред локалните избори во 2021 година, тогашниот кандидат за градоачалник од ВМРО-ДПМНЕ за Охрид, Кирил Пецаков, даде ветување дека ќе изгради велосипедска патека од Охрид до Свети Стефан за, како што рече, безбедно движење на велосипедистите од излезот на градот до туристичката населба. До овој момент, нема градежни работи на потегот Охрид […]

Мета факт: Бавно се одвива изградбата на велосипедски парк околу Велес и обновата на Градскиот парк со тартан патека

1 август 2023

Во периодот на предизборието пред локалните избори во октомври 2021 година, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, Марко Колев вети дека ако ги добие изборите, тој ќе го реконструира Градскиот парк во Велес со поставување тартан патека во должина од 800 метри, како и дека ќе направи велосипедски парк околу Велес. Овие посочени проекти […]

Ни трага ни глас од „најдобриот луна парк на Балканот“

26 јули 2023

Во својата програма градоначалничката Данела Арсовска вети најдобар луна парк на Балканот кој ќе биде отворен во првите две години од нејзиниот мандат. Со оглед на тоа што половина од нејзиниот мандат завршува во ноември, а сè уште не е започната изградбата на луна паркот, ова ветување го оценуваме како неисполнето, пишува Вистиномер.    Текстот […]

Делницата Подмоље-Охрид пуштена во употреба пред ветениот рок

7 јули 2023

Во продолжение ја пренесуваме најновата проверка на Вистиномер на ветувањето на министерот Бочварски за автопатската делница Подмоље-Охрид.   Ветување: Очекувам по тоа што го разговаравме до 10 јули, дури правиме и притисок и пред тоа да завршат градежните активности во овој дел, за потоа да почнеме со последната фаза поставување на еластични огради и одобрување на […]

Мета факт: Фондот за енергетска ефикасност допрва ќе се формира, иако одамна се ветува

4 јули 2023

Формирање на Фонд за енергетска ефикасност веќе неколку години наназад се ветува од страна на Владата, но активностите за неговото основање до денешен ден не се завршени. Во Програмата на Владата за периодот 2022-2024 година е ветено дека овој фонд ќе се формира со грант средства на Светска банка, но активностите за исполнување на ова […]

Основците од прво до петто одделение во Кавадарци добија бесплатна ужинка

12 мај 2023

Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Кавадарци, Митко Јанчев: Ветување: Бесплатен оброк за сите ученици од прво до петто одделение во Кавадарци [Извор: Тајм.мк; Нетпрес;  Датум: 28.09.2021]   ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Ова изборно ветување на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, дадено за време на кампањата за локалните избори […]

Мета факт: Младите брачни парови не добија можност да изградат свој дом на Зајчев рид

18 април 2023

Во Програмата за работа на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, за периодот од 2021 до 2025 година, именувана како „Моќен сојуз, јас и вие“, има ветување дека за цена од максимум 350 евра за метар квадратен, младите брачни парови ќе може да изградат сопствен дом на локацијата Зајчев рид. Мета доби потврда дека до […]

Мета факт: Добиен заем од 50 милиони евра за подобрување на водоснабдувањето

21 март 2023

Владата во својата Програма за работа за периодот од 2022 до 2024 година има ветено дека ќе се обезбеди заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во висина од 50 милиони евра за подобрување на водоснабдувањето во земјава. Овие средства од страна на македонската влада беа обезбедени кон крајот на 2022 година од ЕИБ, но реализацијата […]

Мета факт: Во тек е реализацијата на ветувањето за меѓународен конкурс за избор на идејно решение за „Расадник“ во Кисела Вода

10 февруари 2023

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во предизборната кампања пред локалните избори во 2021 година им вети на граѓаните дека ќе спроведе меѓународен конкурс за избор на идејно решение за урбанизација на локацијата „Расадник“ во населбата Кисела Вода. Ова ветување што треба да се спроведе во неговиот мандат до 2025 година во моментов […]

Страна 1 од 4