fbpx

ЕСМ-Снабдување апелира зградите поврзани на парно да се подготват за новата грејна сезона

Од компанијата повикаа потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап до топлинските станици и да обезбедат довод на електрична енергија во подстаницата

-

Потрошувачите, заедниците на сопственици на станови и управителите да проверат дали зградите се подготвени за грејната сезона 2023/2024, апелираше денеска ЕСМ-Снабдување со топлина. Од компанијата повикаа потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап до топлинските станици и да обезбедат довод на електрична енергија во подстаницата за да може испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење да се одвива непречено по почетокот на грејната сезона.

Согласно законските прописи, грејната сезона може да започне од 1 Октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 Целзиусови степени според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

„За да може грејната сезона во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација. За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во нашиот Центар за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100 а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на ЕСМ Снабдување со топлина на линкот Затворени објекти – ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk)“, информираат од ЕСМ-Снабдување со топлина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Притвор за таткото на убиената Вања, за Палевски истрага за убиство и грабнување

Вечерва 48-часовен притвор доби петтоосомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиеното 14-годишно девојче Вања Ѓорчевска од Скопје, потврдија од Основниот кривичен суд Скопје. „Поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и...