fbpx

Утре десетина улици ќе бидат затворени за сообраќај, по нив ќе се трча маратон  

Во периодот од 4 до 15 часот, низ скопските улици ќе има привремен режим на сообраќај додека се трча 19 издание Виз Ер Скопскиот маратон, на кој се пријавени повеќе од 11.000 учесници

-

Во периодот од 4 до 15 часот, низ скопските улици ќе има привремен режим на сообраќај додека се трча 19 издание Виз Ер Скопскиот маратон, на кој се пријавени повеќе од 11.000 учесници. Организаторите денеска апелираа до сите граѓани да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај.

Затворени за сообраќај ќе бидат улиците Димитрие Чуповски, дел од булеварот Климент Охридски, Свети Кирил и Методиј, Митрополит Теодосиј Гологанов, Васил Чакаларов, 11 Октомври, дел од булеварот Крушевска Република, улицата Есенинова, Трета Македонска Бригада, булевар Србија (десната коловозна лента од семафорите со раскрсницата булевар Јане Сандански до семафорите кај Крстот) и дел од булеварот Јане Сандански (едната коловозна лента од семафорите кај Мајчин Дом до семафорите со булевар Србија).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Лога: Смртната казна е забранета кај нас, но мислам дека би била спас за тие монструми

Министерот за правда, Кренар Лога изрази сочуство на семејствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, како и жалење за големата трагедија во која безмилосно се одземени два...