fbpx

Министерот Спасовски учествуваше на селекција на кандидати за идни полицајци

Спасовски информира дека годинава се пријавени 1.458 лица, од кои 1.105 се мажи и 353 жени.

-

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководствата на Министерството за внатрешни работи и на Македонскиот полициски синдикат, го посети Центарот за обука на МВР во Идризово, каде што во тек е процесот на селекција на кандидати за 12-месечна основна обука за полициски службеници, во генерацијата 2023-2024 за кој Министерството за внатрешни работи имаше распишано јавен оглас.

Спасовски информира дека годинава се пријавени 1.458 лица, од кои 1.105 се мажи и 353 жени. Селекцијата на кандидатите започна на 27 септември, со утврдување на исполнетоста на посебните услови, како што се потребната висина и проверка на моторичките способности. Обуката се состои од теоретска настава и ситуациони вежби, кои се спроведуваат во Центарот за обука, но и практичен дел на стекнување на вештини, кои се изведуваат во полициските станици, при Секторите за внатрешни работи.

Министерот потенцираше деја е спроведена реформа со која е сменет концептот на вработување на полициските службеници, и воведување забрана за членување во политичка партија и задолжителен тест за интегритет и увид во имотната состојба, за да се спречи корупцијата и злоупотребата на службената положба.

„Полициските службеници се на браникот на државата и на граѓаните и веќе не може да стане збор за исполнување на некои туѓи интереси, а ресурсите на МВР не може да се користат во партиски цели. Ова е навистина сериозен пристап во продуцирање на професионални и компетентни полициски службеници, кои во иднина ќе ги остваруваат своите професионални задачи и обврски, постапувајќи согласно Уставот, законите и подзаконските акти, а со тоа ќе придонесат кон подобрување на безбедноста на граѓаните”, истакна Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...