среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: кандидати | 135 резултати

ВМРО-ДПМНЕ не го открива претседателскиот кандидат, ќе го бираат на конвенција

7 ноември 2023

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не го открива името на претседателскиот кандидат со којшто ќе настапат на претстојните претседателски избори, што треба да се одржат наредната пролет. Партискиот претседател Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Ресен, на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе биде маж или жена кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, одговори дека […]

Министерот Спасовски учествуваше на селекција на кандидати за идни полицајци

30 септември 2023

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководствата на Министерството за внатрешни работи и на Македонскиот полициски синдикат, го посети Центарот за обука на МВР во Идризово, каде што во тек е процесот на селекција на кандидати за 12-месечна основна обука за полициски службеници, во генерацијата 2023-2024 за кој Министерството за внатрешни […]

Доцни објавата на ранг-листите на примени кандидати во средно на сајтот на МОН

22 јуни 2023

Ранг-листите со пријавени кандидати од електронскиот упис за прва година во средно образование требаше најдоцна до 9 часот утрово да бидат објавени на порталот на e-uslugi.mon.gov.mk, како и на веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН). Објавата доцни, а надлежните во МОН за Мета.мк велат дека имаат потешкотии со објава на содржини, бидејќи е […]

Опозицијата обединета ќе настапи на изборите во Србија што ќе се одржат на 3 април

2 февруари 2022

Во Србија на 3 април ќе се одржат претседателски, парламентарни и локални избори, на коишто опозицијата ќе настапи обединето во коалиција „Обединета Србија“, јавува српскиот весник Данас.  Опозициски кандидат за иден српски претседател е Здравко Понош, генерал-потполковник на српската војска во пензија и поранешен началник на генералштабот. Носител на изборната листа на опозициската коалиција за […]

Контраспин: Очигледна манипулација видлива и од авион

27 октомври 2021

Бројката од 631.860 жители, којашто Влатко Ѓорчев манипулативно ја претставува како показател за победа на ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ од 4 спрема 1, воопшто не значи тоа. Од овие 631.860 жители во 22 општини има луѓе кои воопшто не излегле да гласаат, има лица кои гласале за независни кандидати или кандидати што се од друга партија, […]

Левица и Христијан Мицкоски потрошиле најмногу пари на Фејсбук во изборната кампања (инфографик)

19 октомври 2021

Во време на предизборната кампања за локалните избори, од 13 септември до 12 октомври најмногу платени реклами на Фејсбук имале политичката партија Левица и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави Рефлектор. Левица во тој период потрошила 8.353 евра, Мицкоски 7.068 евра само за рекламирање на социјалната мрежа Фејсбук. Следен на листата е претседателот на СДСМ […]

НаТочак од кандидатите за локална власт во Скопје бараат град кој е пријателски за пешачење и за возење велосипед

26 август 2021

Иницијативата на НаТочак побара од кандидатите на локалните избори во Скопје и скопските општини, во своите програми да предложат конкретни мерки за одржлив и безбеден сообраќај и да се заложат за град кој е пријателски за пешачење и за возење велосипед. „Промените кои се случуваат во главниот град се со многу споро темпо, во некои […]

Огласот за избор на претседател на Врховен суд на дневен ред на една од следните седници на Судскиот совет

4 септември 2020

Судскиот совет на РСМ на некоја од следните седници ќе го стави на дневен ред огласот за избор на нов претседател на Врховниот суд, потврдија за „Порталб.мк“ од Судскиот совет. Тие не сакаа да откријат повеќе детали на оваа тема. Инаку, Судскиот совет на 10 септември минатата година го разреши Јово Вангеловски поради непрофесионална и […]

Гласањето за Наградата за младинско учество е отворено до 1 септември

20 август 2020

Во тек е јавното гласање за Наградата за младинско учество која ја доделува Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество. Наградата се однесува на млади индивидуалци, неформални групи на млади и младински организации кои дале придонес кон општеството преку активно граѓански учество. Нивните активности треба да се […]

Републиканците и демократите од Конгресот го отфрлија барањето на Трамп за одложување на изборите

31 јули 2020

По вчерашниот твит на американскиот претседател Доналд Трамп во кој тој постави прашање за одложување на претседателските избори во САД закажани за 3 ноември, претставниците на Републиканската и на Демократската партија во американскиот Конгрес децидно го отфрлија ваквото барање. – Никогаш во историјата на земјата, преку војни, депресии и граѓанска војна, никогаш сме немале ненавремено […]

Трамп сака одложување на претседателските избори во САД закажани за ноември

30 јули 2020

На 96 дена пред одржување на американските претседателски избори, актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп преку твит посака одложување на изборите закажани за ноември до моментот кога американските граѓани ќе можат правилно, безбедно и сигурно да гласаат. „Со универзално гласање по пошта (а не гласање во отсуство, што е добро), изборите во 2020 година ќе […]

Конкурсот за нов претседател на Врховниот суд се очекува да биде распишан по изборите

10 јули 2020

По парламентарните избори на 15 јули, Судскиот совет ќе распише конкурс за избор на Претседател на Врховниот суд, известува Порталб.мк. Почнувајќи од 10.09.2019 година, функцијата в.д. претседател на највисокиот суд во државата сé уште ја врши Фаик Арслани. Судскиот совет, за Порталб.мк, потврди дека конкурсот за нов претседател ќе биде објавен по парламентарните избори. Судскиот […]

Вестминстер: Младите како кандидати за пратеници ретко се на добитни позиции

10 јули 2020

Просечната возраст на кандидатите за пратеници на претстојните парламентарни избори е 42,54 години. Партијата со најмлади кандидати има просечна возраст од 32,3 години, додека највисоката просечна возраст кај една партија е 53,2 години. Најмладите кандидати на овие избори имаат 18 години, додека највозрасниот кандидат 87 години. Ова се дел од наодите на новото истражување на […]

ХЕРА: Партиите да се заложат за воведување на сеопфатното сексуално образование како предмет во училиштата

5 јули 2020

Од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА) упатуваат апел до сите кандидати и кандидатки од политичките партии, како и до сите чинители вклучени во изборните кампањи, да користат јасни недвосмислени пораки и точни информации кога станува збор за сеопфатното сексуално образование (ССО). „Кога се едукацијата и квалитетното образование во прашање, младите имаат право да […]

Бајден и Сандерс главни претенденти за демократски кандидат на претседателските избори во САД

4 март 2020

Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс се главните претенденти за претседателски кандидат на Демократската партија што ќе му се спротивстави на Доналд Трамп на претстојните претседателски избори во САД. По гласањето на синоќешниот „супер вторник“, Бајден успеа да го победи Сандерс во девет сојузни држави: Тексас, Масачусетс, Арканзас, Минесота, Тенеси, […]

ВМРО – ДПМНЕ ги објави предлозите за министри и заменици во техничката влада

30 декември 2019

Покрај веќе познатиот предлог за Драган Ковачки за технички министер за внатрешни работи, опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ денеска излезе со имињата и на другите министри и заменици што планира да ги внесе во претстојната техничка влада. За технички министер за труд и социјална политика е предложена Рашела Мизрахи, доктор на науки по биохемија, која […]

Советот на министри не донесе одлука за датум, топката се префрла на премиерите

16 октомври 2019

Советот на министри за општи работи на ЕУ заврши без заклучок за започнување преговори со Албанија и Македонија, па одлуката се префрла кај шефовите на држави или влади кои ќе се сретнат в четврток и петок во Брисел. Пропаднаа обидите на финското претседателство да постигне компромис помеѓу земјите членки со тоа што во преговарачкиот процес […]

Виктор Димовски: Одлуките за кандидатите за прием во АНБ се донесени со мнозинство

2 октомври 2019

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, на денешниот брифинг со новинарите во Владата информираше за работата на комисијата за селекцијата на вработените во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) кои аплицираа на јавниот повик за прием во Агенцијата за национална безбедност (АНБ). – Во текот на денешниот ден, имав средба и реферирав […]

Врховниот суд сè уште е без претседател

20 септември 2019

Фаик Арслани и понатаму останува в.д. претседател на Врховниот суд, бидејќи Судскиот совет се уште нема објавено оглас за избор на нов претседател, наместо разрешениот Јово Вангеловски, кој според решението работел несовесно и непрофесионално, пишува „Порталб.мк“. „Сè уште го немаме објавено огласот, и кога ќе се објави ќе бидете известени. Немаме законски определен рок за […]

Војската ќе се подмладува со по 250 нови војници годишно

20 јуни 2019

По 250 нови војници ќе се вработуваат секоја година, во рамки на трансформацијата на АРМ која почна со Стратегискиот одбранбен преглед (СОП), донесен минатата година, потврди Министерството за одбрана информациите за „Мета“. До утре трае јавниот оглас за прием на 125 професионални војници, првиот контингент регрути за годинава. Минатата година, со три конкурси, беа вработени […]

Страна 1 од 7