Фото: Порталб.мк

По парламентарните избори на 15 јули, Судскиот совет ќе распише конкурс за избор на Претседател на Врховниот суд, известува Порталб.мк. Почнувајќи од 10.09.2019 година, функцијата в.д. претседател на највисокиот суд во државата сé уште ја врши Фаик Арслани. Судскиот совет, за Порталб.мк, потврди дека конкурсот за нов претседател ќе биде објавен по парламентарните избори.

Судскиот совет на состанокот одржан на 10 септември 2019 година едногласно го разреши претседателот на Судскиот Совет, Јово Вангеловски за непрофесионална и неодговорна работа во службата. На истиот состанок, беше разрешена и Врховната судијка Рахилка Стојковска – и двајцата за усвојување на одлуката, со која беше поништен притворот на Сеад Кочан, обвинет во случајот „Труст“ кому му овозможија да не оди во притвор.

Вангеловски се жалеше, но Врховниот Суд ја одби жалбата како неоснована и со тоа ја потврди одлуката на Судскиот совет. Со оваа одлука, Вангеловски беше и официјално разрешен од функцијата.

Во меѓувреме, во Уставниот Суд продолжува постапката за повторно разгледување на разрешувањето на судиите, меѓу кои е и Вангеловски и за истата сè уште не е донесено решение. Во последната седница, иницијативата против стариот и непостоечки закон (затоа што има нов) не беше отфрлена.

Според Законот за судовите, претседателот на судот се избира од редот на судиите на Северна Македонија, на ист начин како што се избира судија во соодветниот суд, во случајов Врховниот суд.

Претседателот на Врховниот суд се избира за период од четири години, со можност да биде избран повторно на иста позиција уште четири години. За претседател на судот се избира судија кој во последните две години од Судскиот совет бил оценет со највисока позитивна оценка, додека согласно законот треба да има поголем број поени во однос на останатите кандидати. Претседателот на Судот има статус и функција на прв судија во соодветниот суд. Кандидатот за претседател на Судот, заедно со поднесокот и другите документи поднесува програма за работа за време на неговиот мандат.

Прогласувањето за избор на претседател на судот, Судскиот совет на Северна Македонија го објавува два месеци пред истекот на мандатот на претседателот во заминување. Од најавените кандидати кои ги исполнуваат потребите и условите, Судскиот совет го избира претседателот на судот најдоцна во рок од два месеци по објавувањето на огласот.

Претседателот на судот, кој нема да биде повторно избран на иста функција, ќе продолжи да работи како судија во судот каде претходно ја вршел судиската функција.

Услови:
• Да е државјанин на Северна Македонија;
• Активно да го владее Македонскиот јазик;
• Да е работоспособен и да има добро здравје, за што се вршат лекарски прегледи;
• Да е дипломиран правник со завршени четиригодишни студии по право со просечна оценка од најмалку 8 или да е дипломиран правник со 300 кредити според ЕКТС, со просек од најмалку 8;
• Да го има положено правосудниот испит во Северна Македонија;
• Да има активно познавање на еден од трите јазици на Европската унија (англиски, француски и германски);
• Практична работа со компјутер;
• Да има углед, да има интегритет за извршување на судската функција и да поседува социјални одлики за извршување на судската функција, за што се спроведуваат тестови за интегритет и психолошки тест.

Дополнително, за судија во Врховниот суд може да биде избрано лице кое има најмалку шест години непрекинато работно искуство во Апелациониот суд до моментот на поднесување на апликацијата за избор, а во последната година да бил оценет со највисока позитивна оценка, во однос со останатите кандидати.