Трамп сака одложување на претседателските избори во САД закажани за ноември

-

На 96 дена пред одржување на американските претседателски избори, актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп преку твит посака одложување на изборите закажани за ноември до моментот кога американските граѓани ќе можат правилно, безбедно и сигурно да гласаат.

„Со универзално гласање по пошта (а не гласање во отсуство, што е добро), изборите во 2020 година ќе бидат најизмамничките во историјата. Тоа ќе биде голем срам за САД“, напиша Доналд Трамп на својот Твитер профил.

Во согласност со американското законодавство, претседателот Трамп нема овластувања за да го одложи одржувањето на претседателските избори, при што, какво било одложување, мора да биде одобрено од американскиот Конгрес, јавуваат Си-ен-ен и Би-би-си.

Доналд Трамп преку неколку твитови, без објавување на конкретен доказ, објасни дека универзалното гласање по пошта може да биде подложно на странски влијанија, посочувајќи дека демократите говореле за мешањето од странство во изборите, но знаеле дека ваквиот начин на гласање било лесен начин за странските земји да влезат во трката.

Би-би-си појаснува дека неколку сојузни држави во САД имаат долга историја за гласање по пошта. Си-ен-ен пак посочува дека нема никаков доказ дека гласањето по пошта води кон измама на изборите.

Инаку, Доналд Трамп како кандидат на републиканците ќе се натпреварува за нов претседателски мандат на претстојните избори во САД. Главниот противкандидат на Трамп, кандидатот на демократите Џо Бајден веќе предупреди дека актуелниот американски претседател ќе се обиде да ги одложи изборите закажани за во ноември. Бајден истакна дека Трамп ќе проба да најде образложение поради кое изборите не би се одржале на закажаниот датум.

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи милиони животи...

Студентската правобранителка на УКИМ: Да ја споделиме маката и да бараме систем кој работи за нас

По низата случувања во академската заедница во текот на изминатите две недели кои следуваа по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс,“ попладнево со став се огласи студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил...

Српските студенти организираат изложба на кучиња за собирање средства за фамилиите на жртвите од пожарот во Кочани

Студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во недела организираат изложба на кучиња со цел да соберат средства за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. „Ги покануваме сите љубители на...

Започнаа годишните билатерални разговори со НАТО

Денес и утре тим од НАТО – Алијансата предводен од високиот политички експерт и известител за нашата држава Стјуарт Ендрјус ќе учествува на билатералните одбранбени разговори со Алијансата, соопштија од Министерството...

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи...