Ранг-листите со пријавени кандидати од електронскиот упис за прва година во средно образование требаше најдоцна до 9 часот утрово да бидат објавени на порталот на e-uslugi.mon.gov.mk, како и на веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН). Објавата доцни, а надлежните во МОН за Мета.мк велат дека имаат потешкотии со објава на содржини, бидејќи е преоптоварен системот од многу корисници во моментов.
„Деца и родители се во неизвесност, очекуваат да ги видат листите официјално објавени на веб-страницата на МОН, но сè уште ги нема. Реагиравме во МОН, се надеваме ќе се реши ситуацијата“, велат во една скопска гимназија.
Инаку, денеска на влезните врати во средните училишта се објавени прелиминарните ранг-листи со пријавени кандидати. Денеска и утре се носат оригиналните документи на увид.