вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: уписи | 64 резултати

За упис во средно не треба да вадите нов извод на родени, аплицирањето започнува од утре

13 јуни 2025

Министерството за образование и наука потсетува дека утре започнуваат уписите во средните училишта во учебната 2025-2026 година. Пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на schools.mk. Првото пријавување трае од 14 до 17 јуни, а второто е на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете […]

Отворени се уписите за идните бруцоши на Хајделберг Факултет во Скопје

30 мај 2025

Хајделберг Факултет во Скопје и официјално ги отвори вратите за новите студенти – идните академски граѓани кои ќе имаат можност да се стекнат со образование по германски стандарди, пракса за време на студирањето, лична поддршка од професорите и стекнување двојна диплома – македонска и германска. „На првиот циклус стручни студии ќе бидат запишани вкупно 60 […]

Уписите во средните училишта почнуваат на 14 јуни

5 април 2025

Министерството за образование објави дека првото електронско пријавување за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година ќе биде од 14 до 17 јуни, а второто на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули. Како и во изминатите учебни години и годинава учениците ќе треба да достават […]

Денес и утре е вториот уписен рок на УКИМ

17 септември 2024

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) денес и утре (17 и 18 септември) е во тек вториот уписен рок за новите студенти. Слободни места се останати на повеќето факултети, а исклучок се Архитектонскиот и Факултетот за драмски уметности. На Економскиот и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, останати се слободни места […]

(ГАЛЕРИЈА) Уписи на УКИМ: Најмногу слободни места на ПМФ и ФИНКИ, најголема гужва на Економски

29 август 2024

Илјадници потенцијални идни студенти од утрово поминаа низ ходниците и дворовите на факултетите кои се дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, за да се запишат на некоја од студиските програми што ги нуди универзитетот. Денеска и утре трае првиот уписен рок на најстариот универзитет во земјава. Откако се пријавија електронски, идните […]

Почнуваат уписите на УКИМ, слободни 9.921 место за бруцошите

29 август 2024

Денес и утре е првиот уписен рок за новите студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. На најстариот и најголем државен универзитет се предвидени вкупно 9.921 слободно место за бруцошите. Од нив, 4.761 се за редовни студенти во државна квота, додека 4.210 се предвидени за редовни студенти со кофинансирање, а 950 места […]

На УКИМ има место за 9.921 нови студенти, објавен е конкурсот за упис

11 јули 2024

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2024/2025 година. Според конкурсот, на УКИМ има 9.921 слободно место, од кои 4.761 се за редовни студенти во државна квота, 4.210 за редовни студенти со кофинансирање на студиите, а 950 места за вонредни студенти. Најмногу […]

Средното стручно образование станува сè попопуларно, најголем е интересот за компјутерски техничари

25 јуни 2024

Средното стручно образование станува сè поатрактивно. Тоа го покажува и годинашниот прв уписен рок кој заврши денеска во 15 часот, а според добиените пријави, многу училишта нема да имаат потреба од втор и трет уписен рок бидејќи ќе ги пополнат слободните места уште во првиот. Од друга страна, дел од скопските гимназии кои редовно имаат […]

Со просек над 3,00 учениците во дуални паралелки ќе добиваат месечна стипендија од 3.500 денари

24 мај 2024

Уписите во средно образование, согласно конкурсот што го објави Министерството за образование и наука (МОН) ќе се одржат во периодот од 20 до 25 јуни. Она што е новина годинава е тоа што кандидатите освен што ќе мораат во овие пет денa  да се пријават електронски, истовремено ќе треба документите за упис да ги однесат […]

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

29 март 2024

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во јунски уписен рок со две пријавувања. Иако пред две години за прв пат беше воведено електронско пријавување сепак, учениците мораа да ги носат документите во […]

Гужви за упис на ФИНКИ, идните бруцоши во 2023 поднесуваат хартиени документи [фото]

12 септември 2023

Во 2023 година, студентите по софтверско инженерство и информациски системи, по програмирање, по компјутерско инженерство и други студиски програми се запишуваат на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со доставување на документи во хартиен формат. Стотици млади денеска чекаа во ред за да ги поднесат документите. Пред зградата на Технолошко-металуршкиот факултет денеска цел […]

„Шорткат“: Хартиени, наместо електронски пријави за субвенции за велосипед во Скопје

13 јули 2023

Во време на дигитализација, кога услугите за граѓаните претежно треба да бидат достапни електронски, Градот Скопје бара документите за поднесување субвенција за велосипед да се поднесуваат во хартиена форма, во архивата, а дополнително, да одат на нотар да заверат изјава. Дали и колку е оправдано институциите да се враќаат назад во процесот, кога веќе постои […]

УКЛО го објави конкурсот за упис на студенти во новата академска година

10 јули 2023

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) го објави конкурсот за запишување на нови студенти во акдемската 2023/2024 година и истиот е достапен на интернет-страницата на универзитетот. На 11 единици на УКЛО во следната академска година место има за 2.565 нови студенти. Од нив, 1.351 места се за студенти што ќе студираат со државната квота,  […]

Објавен е конкурсот за упис на студенти на УГД

5 јули 2023

Објавен е конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. На овој универзитет за академската 2023/2024 година се предвидени вкупно 3.982 слободни места. Од нив, 2.236 места се предвидени за редовни студенти во државна квота, 976 места се за редовни студенти со кофинансирање, додека за вонредните студенти се предвидени […]

Петките не се мерка за способностите на ученикот, при упис во средно треба да се види што сака и за што го бива

5 јули 2023

Системот на оценување на учениците, вклучително и уписната политика во средно образование, кај нас не се променети со децении. Во нашиот образовен систем оценката е единствен начин и квантитативна мерка на способностите на ученикот, па многу генерации поминуваат низ системот само заради оценка, а не за знаење. За да се запише во „добро“ училиште, ученикот […]

На УКИМ има место за 10.473 бруцоши, објавен е конкурсот за упис

4 јули 2023

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) го објави конкурсот за запишување на студенти на прв циклус студии во учебната 2023/2024 година. За претстојната академска година на факултетите на првиот и најголем универзитет во земјава има 10.473 слободни места. Од нив, 5.074 се предвидени за редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет и плаќаат партиципација […]

И по два уписни рока, во „Раде Јовчевски Корчагин“, „Јосип Броз Тито“ и во „Орце Николов“ има уште слободни места

4 јули 2023

Гимназиите „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ се двете училишта во кои бројот на слободни места е пополнет по два уписни рока. Интересно е дека популарните скопски гимназии „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, се училиштата во кои и по двете пријавувања, има слободни места. Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско […]

Доцни објавата на ранг-листите на примени кандидати во средно на сајтот на МОН

22 јуни 2023

Ранг-листите со пријавени кандидати од електронскиот упис за прва година во средно образование требаше најдоцна до 9 часот утрово да бидат објавени на порталот на e-uslugi.mon.gov.mk, како и на веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН). Објавата доцни, а надлежните во МОН за Мета.мк велат дека имаат потешкотии со објава на содржини, бидејќи е […]

Отворен е системот за е-пријавување во средно, крајниот рок за пријава е до задутре

19 јуни 2023

На деветтоодделенците во земјава веќе им е овозможено да креираат профили на порталот за е-услуги и да се пријават електронски за упис во средно училиште, иако официјалните денови за пријавување се утре и задутре. Откако ќе се пријават, кандидатите ќе треба да ги однесат во училиште и оригиналните документи за да може да се провери […]

Пријавувањето во средно годинава ќе се врши и електронски и со носење хартиени документи

12 јуни 2023

Пријавувањето ученици во средно образование ќе се врши преку електронско аплицирање, а првото пријавување ќе се врши на 20 јуни до полноќ, информираат во Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму информираат дека учениците, преку линк до порталот за електронски услуги https://e-uslugi.mon.gov.mk, ќе можат да аплицираат со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки […]

Страна 1 од 3