недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: уписи | 64 резултати

Антиваксерите од Балканот се повикуваат на поддршката од Руската Православна Црква

октомври 23, 2019

Пропагандата против вакцинирањето наменета за корисници  на интернет од Балканот меѓу другото функционира и преку злоупотреба на религиозните чувства, пишува „КриТинк“ во анализата „Наоѓаат ли антиваксерите поткрепа во некои прокламации на Руската прaвославна црква?“. Патријархална комисија за семејството, која е директно одговорна пред пред г.г. Кирил, поглаварот на Руската православна црква (РПЦ) во април 2019 […]

Барбареев: Зошто приватните универзитети можат да запишуваат студенти без државна матура, а државните не?

септември 3, 2019

На штипскиот универзитет„Гоце Делчев“ од Штип на првиот уписен рок, кој завршува денеска се запишани 1.200 од планираните 4.000 студенти. Oвој универзитет успеал да запише помалку студенти за околу 20 отсто во однос на ланскиот прв уписен рок. Проректорот Кирил Барбареев оцени дека оваа бројка е последица не само на помалиот број на завршени средношколци, […]

Почнува уписот на УКИМ, слободни 10.710 места

август 29, 2019

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната  2019/2020 година. Според Конкурсот на УКИМ, слободни се вкупно 10 710 места. Од нив, во квотата за редовни студенти има 5.402 места, во квотата за редовни со кофинансирање на студиите 4.273 и за вонредни […]

Хелсиншки: Oправдано е условувањето со потврда за примени вакцини за упис во прво одделение

мај 21, 2019

Од уставните одредби, јасно и недвосмислено произлегува дека во случај на одбивање на вакцинацијата од страна на родителите, истите не само што го загрозуваат здравјето на сопствените деца, туку и здравјето на другите лица кои поради медицински контраиндикации не се вакцинирани и на тој начин им го ускратуваат правото на здрав живот. Ова е ставот […]

Без вакцини нема во школо, одлучи владата

мај 14, 2019

На денешната 135 седница, Владата одлучи во сите училишта да можат да се запишат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда. – Во сите училишта да се примаат пријавите за упис и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите се додека не биде […]

Филипче против, а Адеми е за да се примаат невакцинирани првачиња

мај 14, 2019

Не отстапувам од ставот сите деца да бидат вакцинирани, и оние кои одат во градинка и оние кои се примаат, односно оние кои запишуваат во прво одделение во основните училишта, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Ова следи по изјавата на неговиот колега од ресорот образование Арбер Адеми, кој вчера изјави дека и невакцинираните […]

И невакцинираните првачиња ќе одат на училиште?

мај 14, 2019

Министерот за образование и наука Арбер Адеми смета дека една од опциите за изнаоѓање решение е невакцинираните деца да се запишат во училиште, а дури потоа да се вакцинираат. „Мета“ дознава дека тој и министерот за здравство Венко Филипче денеска на седница на Владата конечно ќе одлучат што ќе се прави со децата чии родители […]

Есејот по македонски јазик за државната матура за прв пат ќе биде на слободна тема

мај 10, 2019

Учениците во четврта година периодов се подготвуваат за полагање на државната матура. Државниот испитен центар (ДИЦ) веќе објави на кои датуми ќе се одржат тестирањата. Првиот тест по странски јазик ќе се полага на 1 јуни, а мајчин јазик ќе се полага на 8 јуни. Новина годинава е тоа што по предметот мајчин јазик, учениците […]

Нема упис во прво одделение без примени задолжителни вакцини

мај 2, 2019

За упис на прваче во основно училиште, задолжително треба да се достави потврда за примени задолжителни вакцини на детето. Здравствените власти ќе инсистираат да се почитува законот, кој налага покрај другите документи, оваа потврда да се достави задолжително. Од друга страна, основното образование е задолжително, па она што останува нејасно е – што со оние […]

ИСОС има обврска континуирано да постапува по поднесени барања од сметководители

септември 15, 2017

Министерството за финансии реагира на известувањето на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) со кое се утврдува рок до 30 септември, за трговците-поединци и за трговските друштва да поднесат барање со придружна документација за добивање лиценца за работа и за барање упис во регистрите на Институтот. „Во Законот за вршење сметководствени работи и статутот на Институтот не […]

Учебната година на 4 септември ќе ја почнат 20.437 првачиња

септември 1, 2017

Оваа учебна година, според податоците на Министерството за образование и наука, образовниот пеоцес ќе го почнат 20.437 првачиња. Според одлуката на МОН, тие во училишните клупи ќе седнат в понеделник, на 4 септември, наместо денеска, на 1 септември, како што традиционално почнува секоја школска година. Во Скопје, во вкупно 10 општини, досега се пријавени 6.159 првачиња. […]

Новата учебна година ќе почне на 4 септември

август 30, 2017

Новата учебна 2017/2018 година за јавните основни и средни училишта ќе почне в понеделник, 4 септември, информираше Министерството за образование и наука. Календарите за организација на учебната 2017/2018 година во јавните основни и средни училишта ќе бидат објавени во „Службен весник на Република Македонија“, известуваат од МОН.

На првиот упис во средните училишта запишани 11.205 ученици

јуни 30, 2017

Во првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование за учебната 2017/2018 година, кое беше спроведено во изминатите два дена, односно 28 и 29 јуни, се пријавиле 17.179, а се запишале 11.205  ученици, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Од учениците кои се запишале, 8.590 се за настава на македонски наставен јазик; […]

Почнува првиот уписен рок на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

август 18, 2016

Денеска и утре на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започнува првиот уписен рок во академската 2016/2017 година. Вкупно слободни има 10.535, од кои 6.606 за редовни студенти во државна квота, 2.819 во квотата редовни студенти со кофинансирање на студиите и 1.110 за вонредни студенти. Како и во изминатите години, надоместот за редовните студенти […]

Денеска почнуваат уписите на државните универзитети

август 15, 2016

Пријавувањето за упис во прва година додипломски студии за 2016/2017 година на три државни универзитети (Битола, Штип и Охрид) почнува денеска, во Тетово утре и во Скопје во четврток. Вкупно се слободни 24.356 места, од кои 13.536 за редовни студенти во државна квота, 7.327 места за студентите со кофинансирање и 3.493 слободни места за вонредни […]

На државните универзитети има место за 24.356 студенти

август 12, 2016

На државните универзитети идната недела ќе се спроведува пријавување за прва година додипломски студии за 2016/2017 година. Вкупно се слободни 24.356 места, од кои 13.536 за редовни студенти во државна квота, 7.327 места за студентите со кофинансирање и 3.493 слободни места за вонредни студенти. Најмногу слободни места (10.535) има на најстариот и најголемиот универзитет „Св. Кирил […]

И адвокатите како регистрациони агенти ќе регистрираат фирми електронски

октомври 6, 2015

Сите уписи во трговскиот регистар на Централниот регистар ќе се вршат електронски и тоа преку регистрациони агенти. Со последните законски измени, категоријата регистрационен агент е проширена со адвокатите. Ова го предвидуваат измените во Законот за трговски друштва и за едношалтерски систем и за водењето на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, од 1 ноември. […]

Голем интерес кај средношколците за ФЕИТ

август 11, 2015

Постои голем интерес за запишување нови студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), во првиот уписен рок во академската 2015/2016 година. Оваа година, за ФЕИТ се предвидени 600 слободни места за упис на нови студенти, од кои 460 редовни студенти во државна квота и 140 редовни студенти со кофинансирање. – Имаме договори за соработка […]

Денеска почнуваат уписите за средните училишта

јуни 22, 2015

Денеска почнуваат уписите во средните училишта во Македонија. Првото пријавување од јунскиот уписен рок во јавните средни училишта ќе трае денеска и утре, а резултатите и слободните места ќе се објават на 24 јуни. Конкурост е објавен на интернет-страницата на Министерството за образование и наука. Во конкурсот се наведени сите слободни места за гимназиите, стручните […]

Утре почнува уписот во средните училишта

јуни 21, 2015

Утре почнува јунскиот уписен рок за запишување на полуматурантите во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година. Резултатите од уписите ќе бидат објавени на 24 јуни. Во 100 јавни средни училишта има 35.445 слободни места. Второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 29 и на 30 јуни, а резултатите од овој рок ќе бидат објавени […]

Страна 3 од 3