„Шорткат“: Хартиени, наместо електронски пријави за субвенции за велосипед во Скопје

Новите вести за млади ќе се емитуваат вечерва во 19 часот на сите наши канали на социјалните мрежи

Во време на дигитализација, кога услугите за граѓаните претежно треба да бидат достапни електронски, Градот Скопје бара документите за поднесување субвенција за велосипед да се поднесуваат во хартиена форма, во архивата, а дополнително, да одат на нотар да заверат изјава. Дали и колку е оправдано институциите да се враќаат назад во процесот, кога веќе постои можност за дигитална апликација, анализираме во новата епизода на „Шорткат“.

Во новите вести за млади информираме за уписите на нови студенти на државните универзитети, за растот на цените на меѓународните автобуски билети, а ја носиме и веста за промоцијата на македонско вино во најновата епизода на култниот стрип „Алан Форд“.

„Шорткат“ ќе се емитува вечерва во 19 часот на сите наши канали на социјалните мрежи.