недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: велосипеди | 61 резултати

Полицајци на велосипеди во текот на летната сезона во Охрид

август 1, 2023

Од денеска СВР Охрид, во редовната полициска работа низ градот и туристичките населби во околината ја воведе велосипедската полициска патрола, информира МВР. Униформирани полициски службеници на велосипед се вклучуваат во редовните превентивни, но и репресивни делувања на терен, пред сѐ, за одржување на јавниот ред и мир, како и активности за спречување кражби и други […]

Наместо електронско поднесување, Град Скопје бара нотарска изјава за субвенции за велосипеди

јули 14, 2023

Изјава заверена на нотар бара Градот Скопје за лицата кои годинава аплицираат за да добијат субвенција за купување велосипед. Ова не било практика во последниве години, туку се воведува од годинава. Големи реакции за ова можат да се видат од скопјани на социјалните мрежи, каде граѓаните реагираат дека наместо да се воведуваат електронски апликации, се […]

„Шорткат“: Хартиени, наместо електронски пријави за субвенции за велосипед во Скопје

јули 13, 2023

Во време на дигитализација, кога услугите за граѓаните претежно треба да бидат достапни електронски, Градот Скопје бара документите за поднесување субвенција за велосипед да се поднесуваат во хартиена форма, во архивата, а дополнително, да одат на нотар да заверат изјава. Дали и колку е оправдано институциите да се враќаат назад во процесот, кога веќе постои […]

Утре започнува „Вело Струмица“, меѓународниот фестивал за љубителите на велосипедизмот

мај 31, 2023

По повод Светскиот ден на велосипедот, 3 јуни, оваа година по втор пат ќе се одржи Меѓународниот фестивал за љубителите на велосипедизмот, „Вело Струмица“. Фестивалот ќе се започне утре, на 1 јуни, а ќе трае до 3 јуни. Во рамки на фестивалската програма, покрај серијата активности посветени на сообраќајната и велосипедската култура како начин на […]

Мета факт: Ветениот систем за изнајмување велосипеди од Данела Арсовска чека евалуација

мај 16, 2023

Скопската градоначалничка Данела Арсовска во предизборната „Програма за модерно Скопје“ на граѓаните им вети воспоставување на систем за изнајмување велосипеди во главниот град. И покрај тоа што самата Арсовска во програмата наведува дека на Скопје итно му е потребна модернизација на системот за изнајмување велосипеди, реализацијата на ваквото ветување засега е во тек. Арсовска во „Програма […]

Полицијата приведе крадец на велосипеди

април 23, 2023

Жител на кичевското село Зајас, С.Ј.(54), вчера бил уапсен од полицијата откако при преглед во патничко моторно возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени 15 велосипеди, електричен велосипед и други предмети, кои потекнуваат од извршени кривични дела кражби. Од МВР информираат дека вчера од полициските службеници од Надворешната […]

Лажна наградна игра повторно ги мами корисниците на Фејсбук

септември 16, 2022

Фејсбук страница, иако се претставува како продавница за велосипеди, нема ни локација, ни купувачи. Eдинствената оставена рецензија за неа, е дека станува збор за лажна страница со цел да се прибават вашите лични податоци. Страницата е креирана на 12 септември годинава. Станува збор за измамнички начин на прибирање на личните податоци на корисниците на социјалните […]

Град Скопје ги објави повиците за субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети

август 26, 2022

Градот Скопје денеска ги објави јавните повици за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди и за електрични тротинети во 2022 година, информираат градските власти. „Целта на јавните повици е подобрување на квалитетот на животната средина, односно подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето […]

Рекордни 66,8 отсто од домаќинствата во земјава лани пријавиле дека поседуваат автомобил [инфографик]

мај 31, 2022

Заштита на животната средина преку борбата против климатските промени и загадувањето на воздухот во градовите во Македонија се спроведува, ама теоретски. Во пракса, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека како никогаш досега во минатото, бројот на македонски домаќинства кои поседуваат патнички автомобил лани се искачил на 66,8 отсто. Спроведеното истражување на статистичарите покажува […]

Општина Карпош ќе дава субвенции за велосипеди и електрични тротинети

март 18, 2022

Од понеделник (21 март), Општина Карпош го отвора огласот за субвенционирање на една третина од цената за купување на нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари, како и една третина од цената за купување на нов електричен тротинет, односно најмногу до 5.000 денари. Право на аплицирање за субвенциите имаат сите полнолетни жители на општина Карпош, […]

Град Скопје сè уште нема систем за изнајмување велосипеди како алтернативен превоз

јануари 16, 2022

Во услови на рекорден број на регистрирани автомобили на скопските улици и константно намалување на бројот на превезени патници во јавниот превоз, во Скопје веќе четврта година по ред не функционира системот за изнајмување на велосипеди, со којшто раководеше ЈП „Градски паркинг“. Со некогашниот проект „Скопје изнајми велосипед“, на дел од паркинзите во главниот град […]

НаТочак и Зелен хуман град со предлози до Арсовска за градскиот буџет за 2022 година

декември 28, 2021

Иницијативата НаТочак испрати писмо до скопската градоначалничка Данела Арсовска, градските советници и стручните служби во Град Скопје, со кои се потсетуваат на 11 предлози кои тие сметаат дека треба да бидат опфатени во градскиот буџет за 2022 година. НаТочак од Буџетот на Град Скопје за 2022 година бара 70 милиони денари за реконструкција на пешачката […]

Промоција на самоводечка, велосипедска прошетка „Скриените музеи во Скопје“

септември 29, 2021

Промоција на самоводечка, велосипедска прошетка „Скриените музеи во Скопје“ со аудио-напатствија за движење до повидливи културни локалитети во Скопје и околината, ќе се случи на 2 октомври (сабота), со почеток во 10 часот во организација на Здружението на граѓани „Одржливи иницијативи“. Промоцијата ќе се изврши на две различни рути, една во централното градско подрачје во […]

(ГАЛЕРИЈА) Пет велосипеди произведуваа струја за проекција на филм во Градски парк

септември 22, 2021

Првото еко-кино на точак во Скопје се случи синоќа во Градски парк. Во организација на здружението за развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“, присутните имаа можност да го погледнат документарниот филм „Живот на нашата планета“ (A Life on Our Planet) на Дејвид Атенбороу. Наместо на традиционален начин, неговата проекција ја овозможија пет велосипеди […]

Мобилна апликација нуди можност за натпревар на вработените кој повеќе зелени километри поминал

септември 22, 2021

Македонската апликација Challenger веќе е достапна за корисниците од земјава, со која со секој километар поминат на велосипед или пешки се добиваат поени на апликацијата, кои можат да се заменат со попусти во локалните бизниси. Тимот на Challenger лансираше нов продукт Challenger@work, функционалност која е наменета за компаниите кои сакаат да ги мотивираат вработените да […]

Европската недела на мобилност ја “пречекавме” со милион патници помалку во јавниот превоз

септември 21, 2021

Активности за одбележување на Европската недела на мобилност деновиве се редат во Скопје, но заедно со нив и поразителните податоци за тоа колку навистина граѓаните ја практикуваат одржливата урбана мобилност во своите секојдневни патувања. Според последните податоци на ЈСП-Скопје, јавниот превоз во главниот град во првото полугодие од годинава успеал да превезе речиси милион патници […]

Првото Еко-кино на точак ќе се случи во вторник во Градски парк

септември 16, 2021

Првото Еко-кино на точак ќе се случи во вторник на 21 септември со почеток во 18.30 часот на големиот тревник во Градски парк. На настанот ќе се промовира еко-иновацијата, систем кој генерира чиста електрична енергија од велосипеди.  Системот овозможува пет велосипеди да произведат еден киловат чиста електрична енергија за проекција на филмот „A life on our […]

„Европската недела на мобилност“ почнува денеска, пораката е да користиме повеќе велосипед

септември 16, 2021

Како и минатите години, кампањата „Европска недела на мобилност“ која се спроведува на иницијатива на Европската комисија започна денеска и ќе трае до 22 септември. Кампањата има за цел да промовира алтернативни форми на мобилност, како што се пешачењето и велосипедизмот. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) нареднава недела ќе реализира низа […]

Османи ги промовираше електричните тротинети за МНР: Зелена дипломатија-новото нормално

јули 25, 2021

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во Министерството за надворешни работи (МНР), како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето. „Со овој симболчен гест, МНР работи започнува со промоција на проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“, кој ќе се […]

Возењето џип најмногу загадува, велосипедот и јавниот превоз најеколошки [инфографик]

јули 23, 2021

Старите половни дизелаши испуштаат најмногу штетни гасови во атмосферата, додека велосипедот како превозно средство е убедливо најеколошко од аспектот на спречување на климатските промени. Податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање објавени на веб-страницата klimatskipromeni.mk покажуваат дека меѓу дизелашите најголеми загадувачи се џиповите, односно теренските возила. Во нивната анализа е направена споредба на […]

Страна 1 од 3