недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: средно образование | 90 резултати

За упис во средно не треба да вадите нов извод на родени, аплицирањето започнува од утре

јуни 13, 2025

Министерството за образование и наука потсетува дека утре започнуваат уписите во средните училишта во учебната 2025-2026 година. Пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на schools.mk. Првото пријавување трае од 14 до 17 јуни, а второто е на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете […]

Уписите во средните училишта почнуваат на 14 јуни

април 5, 2025

Министерството за образование објави дека првото електронско пријавување за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година ќе биде од 14 до 17 јуни, а второто на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули. Како и во изминатите учебни години и годинава учениците ќе треба да достават […]

MOН го објави конкурсот за упис во средно образование

април 1, 2025

Министерството за образование и наука (МОН) го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година. Деветтоодделенците ќе може да се пријават електронски, преку линк до системот за електронски услуги на МОН, со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk. Во јунскиот уписен рок, првото електронско пријавување на […]

Владата се откажа од предлог-законот средното образование

декември 20, 2024

Владата го повлече од собраниска процедура Предлог на закон за средното образование, второ читање, соопшти денес претседателката на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, Иванка Василевска. Пратениците на Европскиот фронт под водство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразија задоволство од одлуката на Владата и побараа еден час пауза за координација. „Владата со допис […]

Откако го осовремени и опреми „Владо Тасевски“, Сибиновски се повлече од директорската позиција

септември 3, 2024

Александар Сибиновски, директорот на училиштето за средно образование „Владо Тасевски“, по пет и пол годишен се повлекува од функцијата директор, соопшти тој денеска на неговиот Фејсбук профил. Тој на оваа позиција беше назначен во 2018 година. Сибиновски ќе биде запаметен по тоа што во годините на неговиот мандат постави нови стандарди во осовременувањето и техничкото […]

Новата учебна година без пролетен распуст и со едносменска настава во 140 училишта

септември 1, 2024

Наставата во новата учебна година нема да трае подолго од 10 јуни и нема да има пролетен распуст. Едносменска настава се воведува во 140 училишта, а како поддршка на учениците со попреченост ќе бидат ангажирани над 1.000 образовни асистенти. Ова денеска го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на прес-конференција пред утрешниот почеток […]

МОН: Неисплатената финансиска поддршка за основците и средношколците ќе се исплаќа од утре

јуни 30, 2024

Паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци која беше ветена, но нереализирана, ќе започнат да се исплаќаат од понеделник, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН). Од таму велат дека новата министерка за образование, Весна Јаневска, ги задолжила надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните […]

Средното стручно образование станува сè попопуларно, најголем е интересот за компјутерски техничари

јуни 25, 2024

Средното стручно образование станува сè поатрактивно. Тоа го покажува и годинашниот прв уписен рок кој заврши денеска во 15 часот, а според добиените пријави, многу училишта нема да имаат потреба од втор и трет уписен рок бидејќи ќе ги пополнат слободните места уште во првиот. Од друга страна, дел од скопските гимназии кои редовно имаат […]

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

март 29, 2024

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во јунски уписен рок со две пријавувања. Иако пред две години за прв пат беше воведено електронско пријавување сепак, учениците мораа да ги носат документите во […]

Шорткат: Услугите на УКИМ ќе се плаќаат онлајн

јануари 25, 2024

Професори и асистенти на УКИМ направија систем со кој им се овозможува на студентите услугите на факултетите да ги плаќаат онлајн. Ќе станат ли уплатниците и редиците во банка минато за студентите, дознајте во новата епизода на „Шорткат“. Во вестите за млади информираме и за предложените измени на Законот за средно образование, невработените магистри и […]

За упис на факултет ќе се полага академски испит, матурата нема да биде иста за сите средношколци

јануари 16, 2024

Владата, на денешната седница, утврди текст на нов Предлог на закон за средно образование чија цел, според предлагачот – Министерството за образование е да се овозможи унапредување на системот на средното образование, со што директно ќе се влијае на квалитетот на целокупниот систем на образование во државата. Посебна новина којашто се воведува е во поглавјето […]

Новите антикризни мерки предвидуваат 16,3 милиони евра за учениците и студентите

ноември 29, 2023

Над 120.000 ученици и студенти ќе добиваат месечен паричен надоместок до крајот на тековната учебна и академска година, информира Министерството за образование и наука (МОН). Оваа антикризна мерка претставува поддршка за учениците и студентите и нивните семејства, во услови на зголемени трошоци за живот и продолжени ефекти од енергетската криза. Околу 105.000 ученици од основните […]

Платите на наставниците од месецов се зголемуваат за 15 отсто

септември 22, 2023

Платите на наставниците и на другите вработени во основните и средните училишта од месецов ќе се зголемат за 15 отсто. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков потпишаа спогодба која предвидува зголемување на платите на вработените во основните и средните училишта за […]

Оценките ќе продолжат да бидат услов за упис во средно, МОН нема да ја менува уписната политика

јули 16, 2023

Надлежните не планираат да ја менуваат уписната уписната политика за во средно образование. Мета.мк ги праша одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) дали нешто ќе менуваат, по апелите на образовните експерти дека не е доволно само оценките да бидат критериум за упис, туку дека предвид треба да се земат и афинитетите и вештините […]

Петките не се мерка за способностите на ученикот, при упис во средно треба да се види што сака и за што го бива

јули 5, 2023

Системот на оценување на учениците, вклучително и уписната политика во средно образование, кај нас не се променети со децении. Во нашиот образовен систем оценката е единствен начин и квантитативна мерка на способностите на ученикот, па многу генерации поминуваат низ системот само заради оценка, а не за знаење. За да се запише во „добро“ училиште, ученикот […]

Доцни објавата на ранг-листите на примени кандидати во средно на сајтот на МОН

јуни 22, 2023

Ранг-листите со пријавени кандидати од електронскиот упис за прва година во средно образование требаше најдоцна до 9 часот утрово да бидат објавени на порталот на e-uslugi.mon.gov.mk, како и на веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН). Објавата доцни, а надлежните во МОН за Мета.мк велат дека имаат потешкотии со објава на содржини, бидејќи е […]

Пријавувањето во средно годинава ќе се врши и електронски и со носење хартиени документи

јуни 12, 2023

Пријавувањето ученици во средно образование ќе се врши преку електронско аплицирање, а првото пријавување ќе се врши на 20 јуни до полноќ, информираат во Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму информираат дека учениците, преку линк до порталот за електронски услуги https://e-uslugi.mon.gov.mk, ќе можат да аплицираат со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки […]

Денеска завршува учебната година за средношколците, основците ќе учат до среда

јуни 9, 2023

Денеска завршува учебната 2022/2023 година за сите ученици во средно образование, додека последниот училишен ден основците ќе го имаат во среда, на 14 јуни, откако ваква одлука во јануари донесе Министерството за образование и наука (МОН). Причината за одложениот крај на оваа учебна година за основците е тоа што зимскиот распуст беше продолжен и второто […]

Концерт „Младите доаѓаат“ во Филхармонија во четврток

мај 29, 2023

Оркестарот на Филхармонија, во четврток во 20 часот ќе го изведе концертот насловен „Младите доаѓаат“, со ученици од средните музички училишта во Македонија. Диригент ќе биде Иван Еминовиќ, а на програмата се дела од Моцарт, Берио, Вебер. Лехар, Сибелиус, Григ и Равел. Како солисти ќе настапат Јана Стоилевска (соло пеење, III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски […]

За испитот на зрелоста матурантите учеа од скратен материјал, денеска полагаа мајчин јазик

мај 27, 2023

Учев многу за денешниот испит. Имавме подготвителна настава со професорите. Имам трема, но бидејќи учев мислам дека ќе постигнам добри резултати. Ова во изјава за Мета го кажа матурантка во училиштето „Марија Кири Склодовска“, која денеска заедно со своите врсници го полагаше првиот предмет од испитот на зрелоста, мајчин јазик. Учениците од ова училиште, уште […]

Страна 1 од 5