fbpx

Виктор Димовски: Одлуките за кандидатите за прием во АНБ се донесени со мнозинство

-

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, на денешниот брифинг со новинарите во Владата информираше за работата на комисијата за селекцијата на вработените во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) кои аплицираа на јавниот повик за прием во Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

– Во текот на денешниот ден, имав средба и реферирав пред надлежната Собраниска комисија за контрола и надзор на безбедносните служби и ги информирав за завршениот тест на селекција на вработени од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање кои беа преземени во Агенцијата за национална безбедност – рече тој.

Во поглед на одредени прашања кои се појавија во јавноста, Димовски рече дека не е загрижен и според него се работи за потврда дека она што се работело е добро сработено и, како што подвлече, „ова е потврда дека сме на вистинскиот пат, дека е направен напор за суштински, а не само формални промени.

– Сакам да кажам дека времето на поединци и групи, кога одлучуваа што ќе се одлучува и како ќе се одвиваат одредени процеси во државата е поминато. Работевме во согласност со постојната законска регулатива, работевме врз основа на однапред утврден и едногласно утврден Деловник за работа и сите одлуки беа донесени едногласно освен една која што беше донесена со мнозинство. Секоја селекција е донесена со едногласна одлука и зад сите одлуки стојат записници. Работата е мониторирана од национални и меѓународни тела и тој мониторинг не остава простор за грешки, а процесот на „ветинг“ продолжува – додаде Димовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...