четврток, 12 март, 2026
Meta.mk

Ознака: кандидати | 135 резултати

Кандидатите за градоначалници ветуваат препород за Сарај

5 октомври 2017

Со буџет на Општина Сарај од 20 милиони евра, кога би застанале на челото на општината, четворицата кандидати за градоналник на оваа општина, ветуваат дека ќе направат многу. Така кажаа на вчерашната дебата од дебатниот карван „Живот во Македонија“ (#Debatpernime), кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“, „Вистиномер“ и телевизијата „Арт“. Башким Бакиу од Беса, Блерим Беџети од […]

Груевски ја обвини власта дека демонстрира сила и работи незаконски

4 октомври 2017

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот во Ресен рече дека власта работи незаконски, но и демонстрира сила. – Кандидатот за градоначалник во Шуто Оризари беше претепан до бессознание, друг наш кандидат беше погоден со куршум, на кандидатот за градоначалник на Кавадарци му вперија оружје и го третираа како терорист за потоа само да му се извинат […]

Чичаковски: Партиите веднаш да престанат со инцидентите

3 октомври 2017

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски, денеска упати апел до политичките партии итно да престанат со инциденти и порача дека насилството во предизборниот период може да донесе само штета на кандидатите, на партиите, на изборниот процес и на државата. Чичаковски во името на ДИК остро ги осуди сите досегашни инциденти во пресрет на […]

Градоначалничките кандидати за Тетово ветуваат решавање на сите проблеми

3 октомври 2017

Ветувајќи целосна транспарентност и посветеност на доброто на граѓаните, кандидадите Албанци за градоначалници на општина Тетово во вчерашната дебата на дебатниот карван „Живот во Македонија“ (#Debatpernime), кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“ и телевизијата „Арт“, порачаа дека ако го освојат мандатот, конечно ќе прекине легализирањето дивоградби, урбаниот и сообраќајниот хаос и дека ќе го надминат проблемот […]

Денеска на „Порталб“ дебата на кандидатите за градоначалници на Тетово

2 октомври 2017

Дебатниот карван „Живот во Македонија“, кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“ и телевизијата „Арт“, по вчерашната дебата на која за своите програми зборуваа кандидатите за градоначалници на општина Чаир, денеска ќе биде во Тетово. Пред тетовци на дебатата за своите планови ќе зборуваат кандидатката на ДУИ, актуелната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, потоа Аднан Незири, кандидат на […]

Проширување на улиците и повеќе зелени површини во Чаир ветија кандидатите

2 октомври 2017

Во телевизиската дебата „Живот во Македонија“, која ја организираа „Порталб“, „Калѕо“ и телевизијата „Арт“, четирите кандидати Албанци за градоначалници на општина Чаир, ветија дека во рамките на мандатот би граделе нови паркиралишта и би проширувале улици, а не би дозволиле дивоградби. Велат и дека ќе го сопрат претераното градење и воопшто нема да толерираат градење […]

Ахмети ги повика Албанците во Скопје да гласаат за Шилегов

28 септември 2017

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети на митингот во Гази Баба рече дека поддршката со СДСМ ќе биде обострана, каде еден од партнерите нема шанси за победа во некоја од општините. За градоначалник на Скопје, Ахмети повика да се гласа за кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов а исто така рече дека и […]

Од денеска до 13 октомври партиите и кандидатите во кампања за локалните избори

25 септември 2017

Kампањата на кандидатите за градоначалници на локалните избори почнува денеска и ќе трае до 13 октомври. Вчера кандидатите за градоначалници потпишаа кодекс за фер и демократски избори. Со тоа тие се обврзуваат дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и во државната администрација, во други институции или установи, финансирани […]

Кандидатите за градоначалници потпишаа кодекс за фер и демократски избори

24 септември 2017

Kандидатите за градоначалници во сите општини во Македонија и Градот Скопје го потпишаа кодексот за фер и демократски избори, по повод изборната кампања за локалните избори која ќе почне утре. Со потпишувањето на кодексот, кандидатите се обврзуваат дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и во државната администрација, […]

ВМРО-ДПМНЕ во Карпош го поддржува Стевчо Јакимовски, во Кратово – Мите Андоновски

15 септември 2017

ВМРО-ДПМНЕ попладнево го објави комплетниот список на сите кандидати за градоначалници со кои ќе настапи на локалните избори. Кандидатите, инаку, беа соопштувани во изминатите денови на повеќе прес-конференции. Во четири општини партијата ќе поддржи други кандидати и го повика членството да гласа за нив. Така, во Карпош партијата ќе го поддржи актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски, […]

ВМРО-ДПМНЕ ги објави последните девет кандидати за градоначалници

15 септември 2017

ВМРО-ДПМНЕ ги договорило и последните девет кандидати за градоначалници, соопшти денеска Христијан Мицкоски, генералниот секретар на партијата. Во Центар нивниот адут е кошаркарот Дејан Јовановски, во Илинден и во Македонски Брод тоа се актуелните градоначалници, Жика Стојановски и Милосим Војнески, додека во Делчево и во Берово партијата оди со нови кандидати и не им даде […]

ДУИ утврди кандидати за градоначалници, Арифи повторно во трка за Тетово

14 септември 2017

Централното претседателство на ДУИ ги утврди кандидатите за градоначалници во општините каде оваа партија ќе учествува на претстојните локални избори на 15 октомври. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, повторно ќе се кандидира, а во трка за втор мандат е и актуелниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта. Градоначалниците на Дебар, Ружди Лата, како и на Кичево, Фатмир […]

Јохан Тарчуловски е градоначалнички кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода

14 септември 2017

Јохан Тарчуловски во Кисела Вода, пратеникот Зоран Илиоски во Битола, а актуелниот Илчо Захариев во Штип. Тоа се дел од имињата што како градоначалнички кандидати извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ му ги препорачал на централниот комитет на партијата, рече денеска поранешниот технички премиер Емил Димитриев, член на ИК. Како што рече тој, во игра за […]

Објавен огласот за нов јавен обвинител, почнуваат да течат роковите за пријавување

14 септември 2017

Собранието на Република Македонија денеска го објави огласот за именување нов државен јавен обвинител, по разрешувањето на Марко Зврлевски од оваа функција. Со ова и официјално почнува да тече рокот од 15 дена за пријавување на заинтересираните кандидати за оваа функција. „Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени со членот 44, ставови 1 и 2 […]

ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и во Гази Баба ќе ги кандидира Коце Трајановски и Тони Трајковски

13 септември 2017

ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе ги кандидира актуелните градоначалници на Скопје и на општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски, за свои кандидати за првите места во главниот град и во општината за локалните избори, соопшти Христијан Мицкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Како што соопшти тој, партијата и во општина Росоман најверојатно ќе настапи со сегашниот […]

ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром и во Валандово ќе ги кандидира сегашните градоначалници

7 септември 2017

Со одлука на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, партијата како свои кандидати за градоначалници на општините Аеродром и Валандово на локалните избори ќе ги кандидира актуелните градоначалници, Ивица Коневски и Николче Чурлиновски, соопшти на прес-конференција Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека партијата ќе оствари убедлива победа на локалните избори и најави и предвремени […]

Сè уште нема независни кандидати за градоначалници, рокот истекува за 9 дена

5 септември 2017

До Државната изборна комисија 27 лица поднеле листи за собирање потписи за независни кандидати за градоначалник, а за советнички листи поднеле 47. До општинските изборни комисии сè уште никој не поднел кандидатура за независен градоначалник за претстојните локални избори закажани на 15 октомври. Рокот до кој тие што ги собрале потребните потписи може да поднесат […]

Коцевски во Велес, Марин во Аеродром – СДСМ објави дел од кандидатите за градоначалници

2 септември 2017

СДСМ ги објави имињата на кандидатите за градоначалници за дел од општините за престојаните локални избори закажани за 15 октомври. Во Општина Аеродром кандидат на владејачката партија ќе биде Златко Марин, во Бутел – Велимир Смилевски, во Гази Баба ќе се кандидира Борче Георгиевски, за Ѓорче Петров кандидат е Александар Наумоски, а во Кисела Вода […]

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на неколку кандидати за градоначалници

16 август 2017

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски информираше дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука да му ги предложи на Централниот комитет, кандидатите за градоначалници за општините Струмица, Петровец, Велес, Кривогаштани и за Куманово. Тој додаде дека „ВМРО-ДПМНЕ е во полна кондиција, заокружувајќи ги своите подготовки за нова голема изборна победа на локалните избори.“ – За Струмица, кандидат […]

СДСМ во Кичево нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

11 август 2017

СДСМ за локалните избори што ќе се одржат во октомври нема намера да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, оти му се битни концептите што се битни за граѓаните, а не етничкиот концепт, рече пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Собранието на Република Македонија. Прашан дали е можна соработка […]

Страна 3 од 7