четврток, 12 март, 2026
Meta.mk

Ознака: кандидати | 135 резултати

МВР: Почна обуката на 660 кандидати за полицајци

7 октомври 2015

Денеска во Центарот за обука на кадри на Министерството за внатрешни работи (МВР) во Идризово, почна едногодишната обука на 660 кадидати за полициски службеници, селектирани по огласот за прием на 600 полицајци што беше објавен на 10 јули годинава, соопшти МВР. На конкурсот за работно место полицаец, според МВР, биле пријавени околу 3.000 кандидати. „Кандидатите беа […]

Советот на обвинители ќе го избира тимот на Јанева наредната недела

5 октомври 2015

Седницата на Советот на јавни обвинители, за избор на тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева, и покрај неофицијалните најави дека ќе се одржи утре или в среда, сепак е одложена за наредната седмица. Ова за весникот „Утрински“, го потврдил претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, кој ги навел и причините за одлагањето на […]

Партиите во Битола тргнаа во битка за пратеници

2 октомври 2015

Шест месеци пред парламентраните избори, додека партијата на власт ги брои и ги пребројува потенцијалните гласачи, опозиционерите почнуваат со формирање штабови, нови кадровски решенија и со решавање на техничките и организациски проблеми. Либералдемократите во Битола избраа нов локален лидер, а СДСМ го крои новиот предизборен партиски штаб. Иако е вообичаено првиот човек на партискиот штаб […]

„Коха“: Од 600 нови полицајци, 46 ќе бидат Албанци

3 септември 2015

Процедурата за избор на кандидати кои ќе бидат вработени како полицајци во Министерството за внатрешни работи (МВР), е во финална фаза и за кратко време ќе се заокружи бројката од 600 лица што ќе ја облечат сината униформа, пишува во денешното издание дневниот весник на албански јазик „Коха“. Според информациите на весникот, од 600 нови полицајци, […]

На конкурсот на МВР за вработување 600 полицајци, се пријавиле 2.622 кандидати

4 август 2015

Министерството за внатрешни работи денеска почнало со првата фаза на селекција на кандидатите за полициски службеници. На конкурсот за вработување 600 полицајци, според МВР, се пријавиле вкупно 2.622 кандидати. Првата фаза на селекција на кандидатите опфаќа проверка на моторичките способности. „Во Центарот за обука во Идризово и во касарните „Илинден“ и „Ѓорче Петров“, во согласност […]

Уште двајца кандидати за републиканска номинација за изборите во САД

4 мај 2015

Двајцата кандидати, Карли Фиорина и Бен Карсон, кои имаат мали шанси да учествуваат во завршницата на американските претседателски избори во 2016 година, ја објавија својата кандидатура за номинација на Републиканската партија. Поранешната директорка на компанијата „Хјулит-Пакард“, Фиорина, е единствената жена што побарала републиканска номинација, додека неврохирургот Карсон најверојатно ќе биде единствениот кандидат Афроамериканец помеѓу републиканците. На […]

Груевски, единствен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

1 мај 2015

Само една кандидатура, онаа на актуелниот претседател Никола Груевски, била доставена до партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ до рокот што истече денеска во 15 часот, во пресрет на конгресот на владејачката партија за избор на претседател, кој ќе се одржи утре и задутре во Куманово, пишува „Курир“. Според партиските извори на овој медиум, зад кандидатурата на Груевски […]

Засега, Хилари Клинтон во трка против тројца мажи

14 април 2015

Демократите и републиканците во САД ја почнаа внатрепартиската трка за кандидатура за претседателските избори закажани за 2016 година. Досега четири кандидати официјално се вклучија во партиската трка: поранешната државна секретарка Хилари Клинтон за претседателски кандидат на Декомратската партија, додека во Републиканската партија тројца сенатори се борат за позицијата носител на претседателското изборно ливче – Тед […]

Почна селекцијата на кандидатите за професионални војници

19 февруари 2015

Кандидатите за професионални војници што ги поминале психолошките и општообразовните тестови, од денеска пред комисии ги покажуваат своите физички способности. Оние што ќе покажат најдобри резултати, треба да поминат лекарски прегледи, а ги чека уште една проверка на физичката издржливост и на брзината, пливање на 50 метри. Се очекува конечниот избор на најдобрите да заврши […]

Денеска се избира нов претседател на ЗНМ

13 декември 2014

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска ќе избира нов претседател и членови на управниот одбор, членови на надзорниот одбор и на Советот на честа. Освен актуелниот претседател, Насер Селмани, засега нема други кандидати за претседател. Заинтересираните за оваа функција своите кандидатури ќе можат да ги поднесат и денеска. Актуелниот претседател, Насер Селмани беше избран […]

На огласот за вработување 400 полицајци, се пријавиле 3.273 кандидати

30 ноември 2014

На третиот по ред оглас за вработување 400 полицајци за територијата на Скопје, се пријавиле 3.273 кандидати, информираше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на денешната селекција на кандидатите во испитниот цетар во Идризово. Таа напомена дека има конкуренти од сите етнички заедници и дека не очекува да има проблем во селекциите. Од кандидатите, 2.703 […]

Страна 7 од 7