Левица и Христијан Мицкоски потрошиле најмногу пари на Фејсбук во изборната кампања (инфографик)

Инфографик: ФБ страна, Рефлектор

Во време на предизборната кампања за локалните избори, од 13 септември до 12 октомври најмногу платени реклами на Фејсбук имале политичката партија Левица и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави Рефлектор.

Левица во тој период потрошила 8.353 евра, Мицкоски 7.068 евра само за рекламирање на социјалната мрежа Фејсбук.

Следен на листата е претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, но со речиси двојно помалку потршени пари – 3.743 евра, по што следува актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, со 3.631 евра, по што следува партијата ВМРО-ДПМНЕ, со 3.171 евро. Следен на листата е повторно кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, со 2.967 евра. Севкупно земено, Христијан Мицкоски, Тимчо Муцунски и партијата ВМРО-ДПМНЕ заедно потрошиле 13.206 евра за реклами на Фејсбук.

По Муцунски, на листата е Невзат Бејта, кандидат на ДУИ за градоначалник на Гостивар, со 2.839 евра. Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, потрошил 2.702 евра, и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Штип, Иван Јорданов, потрошил 2.436 евра.