fbpx

Опозицијата обединета ќе настапи на изборите во Србија што ќе се одржат на 3 април

-

Во Србија на 3 април ќе се одржат претседателски, парламентарни и локални избори, на коишто опозицијата ќе настапи обединето во коалиција „Обединета Србија“, јавува српскиот весник Данас. 

Опозициски кандидат за иден српски претседател е Здравко Понош, генерал-потполковник на српската војска во пензија и поранешен началник на генералштабот.

Носител на изборната листа на опозициската коалиција за парламентарните избори е Мариника Тепиќ, додека Владета Јанковиќ ќе биде опозициски кандидат за градоначалник на Белград.

Во коалицијата „Обединета Србија“ се здружија речиси сите поголеми опозициски партии во земјава, вклучувајќи ги Партијата за слобода и правда, Народната партија, Демократската партија, Движењето на слободни граѓани, Движењето за промени, Движењето Слободна Србија, синдикатот „Слога“, Демократскиот сојуз на Унгарците од Војводина и Граѓанската платформа.

„Александар Вучиќ и неговата партија се подготвија и овие избори да ги украдат, како што тоа го прават од 2012 година од кога немаме слободни избори. Ние мораме да го менуваме системот и да ја опоравиме државата“, изјави Мариника Тепиќ.

Генералот Здравко Понош рече дека чекал сите партии да пронајдат заеднички јазик и во борбата да одат заедно на изборите.

„Србија после изборите ќе биде нормална земја, насочена кон иднината“, изјави тој.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...