fbpx

ХЕРА: Партиите да се заложат за воведување на сеопфатното сексуално образование како предмет во училиштата

-

Од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА) упатуваат апел до сите кандидати и кандидатки од политичките партии, како и до сите чинители вклучени во изборните кампањи, да користат јасни недвосмислени пораки и точни информации кога станува збор за сеопфатното сексуално образование (ССО).

„Кога се едукацијата и квалитетното образование во прашање, младите имаат право да бидат навремено и правилно информирани. Имањето погрешни информации е подеднакво опасно како и немањето информации. Оттука, праќањето на нејасни пораки за ССО, особено од страна на носители и кандидати за јавни функции, создава конфузија и ги поткрепува – наместо да ги поткопува – митовите, стереотипите и предрасудите за сензитивните теми што тоа ги опфаќа“, се вели во соопштението на ХЕРА.

Од ХЕРА го поздравуваат обидот да се актуелизира темата за сеопфатното сексуално образование, но притоа апелираат до сите носители и кандидати за јавни функции своите ставови и мислења да ги засноваат на научно докажани факти и сознанија и да консултираат стручна и релеватна литература, како и граѓански организации кои долго време работат на оваа тема.

Веќе неколку години наназад ХЕРА активно се залага за воведување на сеопфатното сексуално образование во образовниот систем затоа што претставува учење за когнитивниот, емоционалниот, социјалниот и физичкиот аспект на сексуалноста, а не само за биолошките аспекти на сексуалноста и за превенцијата од сексуално преносливите болести и бременоста.

„Само со испраќање точни и прецизни пораки во врска со сеопфатното сексуално обрзование ќе можеме да ги подготвиме и оспособиме младите луѓе со информации, вештини и позитивни вредности за да можат да преземат одговорност за сопственото, но и за туѓото здравје и благосостојба и да направат подобар избор кој ќе им го подобри квалитетот на живеење и ќе придонесе кон подобро и поправедно општество“, порачуваат од ХЕРА.

Во таа насока, од Асоцијацијата бараат од кандидатите, кога веќе јавно го препознаваат ССО како важно, да се заложат за негово воведување како изборен предмет во основното и средното образование и така да придонесат кон квалитетно образование, без кое младите не би можеле да имаат достоинствен живот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...