Трибина „Улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура“

Учесниците на настанот ќе имаат можност конструктивно да придонесат за поттикнување на проактивна и одговорна улога на младите во општествените процеси и во политичката артикулација на нивните интереси

Photo by Sincerely Media on Unsplash

 

Во Клубот на пратеници во Скопје, утре со почеток во 11 часот ќе се одржи трибина на тема „Улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура“, во организација на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

На настанот се поканети претставници на младинските тела на политичките партии во земјава и претставници на граѓански организации, со цел градење на култура на дијалог и демократска атмосфера во пресрет на изборите.

Преку отворена дискусија, која ќе ја модерира Владо Караев, учесниците на настанот ќе имаат можност конструктивно да придонесат за поттикнување на проактивна и одговорна улога на младите во општествените процеси и во политичката артикулација на нивните интереси.