среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: граѓански организации | 100 резултати

Трибина „Улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура“

март 17, 2024

  Во Клубот на пратеници во Скопје, утре со почеток во 11 часот ќе се одржи трибина на тема „Улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура“, во организација на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. На настанот се поканети претставници на младинските тела […]

Граѓански организации и експерти предупредуваат на опасностите од новата спогодба на ОН за киберкриминал

јануари 26, 2024

Голем број граѓански организации и експерти ги повикаа државните делегации што учествуваат во завршната седница на ад хок Комисијата на Обединетите нации да сторат сѐ за предложената Конвенција за киберкриминалот да биде тесно фокусирана на борбата против киберкриминалот и да се спречи можноста таа да биде злоупотребена како алатка за нарушување на човековите права. Во […]

Управувањето со кризи и спречувањето на насилство во фокус на конференцијата на СМАРТ Балкан

јуни 8, 2023

Недоволно сили на терен, недостиг од финансии и поддршка на доброволните противпожарни друштва, како и немање психолошка поддршка за професионалците кои секојдневно се соочуваат со стресни кризни ситуации – ова се дел од главните слабости на системот за управување со кризи во Северна Македонија. Подготвеноста на системот за управување со кризи во земјава беше во […]

Блупринт групата: Судскиот совет продолжува со незаконито и нетранспарентно постапување

мај 5, 2023

Блупринт групата за реформи во правосудството денеска искажа сериозна загриженост за последниот развој на настаните во Судскиот совет на РСМ (ССРСМ). Односно, како што се вели во јавната реакција на Блупринт групата, вчера во период од помалку од четири часа, ССРСМ одржа дури три одделни седници „на кои, наместо да ги исправи повредите сторени на […]

„Дигитална трансформација за граѓаните“: Потребно е да се гради култура за дигитален напредок

април 4, 2023

Дигиталната трансформација на општеството е многу важна тема. Мора да се работи на отпорот кон промена, институците треба да ги имплементират секојдневно дигиталните процеси. Сите во општеството треба да ги имаат потребните вештини за да ги користат услугите кои институциите (ќе) ги нудат. Ова се главните заклучоци на говорниците на отворањето на меѓународната конференција „Дигитална […]

ЕУ Делегација: Граѓанските организации не треба да се воздржуваат од критички однос кон реформите

март 21, 2023

Повеќе домашни медиуми изминатата недела пренесоа извештај во кој е наведено дека двајца европски дипломати наводно испратиле пораки дека ќе вршат ревизија на организациите и на партнерите со кои соработува Европската Унија во Северна Македонија. Како што беше наведено во новинарските извештаи, делегатите имале забелешки за работата на граѓанските организации и за медиумите поддржани од […]

Поделбата на родителското отсуство овозможува жените да бидат активни на пазарот на труд

март 10, 2023

Поделбата на родителското отсуство овозможува промена на вредностите и тоа може да влијае на тоа повеќе жени да се решат да бидат активни на пазарот на труд. Трошоците врз буџетот се зголемуваат, но користа од вклучувањето на повеќе жени на пазарот на труд дава подобра макроекономска слика за македонската економија. Ова го истакна Марија Ристеска, […]

Истражување: Граѓаните немаат толеранција кон припадници на ЛГБТ заедницата, заболени со ХИВ и уште три категории луѓе

ноември 15, 2022

Резултатите од новото истражување на МЦМС „Толеранција и вредности на граѓаните“ покажуваат дека нивото на толеранција во земјава е ниско, а тоа е особено видливо кога станува збор за пет категории луѓе. Според истражувањето, загрижувачки е што големо мнозинство граѓани не сакаат да имаат соседи кои се зависници од дрога (91%), зависници од алкохол (88,6%), […]

Активисти за човекови права од Украина, Белорусија и Русија добитници на Нобеловата награда за мир

октомври 7, 2022

Нобеловата награда за мир за 2022 година им е доделена на белорускиот активист за човекови права Алес Бјалијацки, украинската организација за човекови права Центар за граѓански слободи и руската организација за човекови права „Меморијал“, соопшти денеска Нобеловиот комитет, пренесува весникот „Гардијан“. Активистот Бјалијацки во моментов се наоѓа во затвор поради политички мотивирани обвиненија за затајување […]

Анкета на ТАКСО и ЕУ за граѓанското општество на Западен Балкан и Турција

октомври 3, 2022

Во име на Европската комисија, Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување преку проектот на ЕУ за Техничка поддршка за граѓанските организации (TACSO 3) го објави линкот до годишната анкета за граѓанското општество за Западен Балкан и Турција. Истражувањето е дел од оценката во однос на ревидираните насоки на Генералниот директорат за соседство и преговори за […]

Со проектот „Заедници инклузивни за млади“ ќе се унапредува младинската инклузија

јули 19, 2022

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) денес ги презентираше целите на остварување на најновиот проект „Заедници инклузивни за млади“ што го имплементира заедно со Фондација за локален развој на заедницата – Штип, СФЕРА Интернешнал – Битола и Youth Empowerment Platform – Гостивар. Главната цел на проектот е, како што велат авторите, да го подобри локалното владеење […]

Продолжува прогонот на активистите за човекови права во Белорусија, државата безмилосно затвора

јануари 21, 2022

Активностите на државниот апарат на Белорусија против граѓанското општество и заложбите за човекови права продолжува со забранување на веб-страницата на организацијата за човекови права „Хуман Константа“. Оваа организација, што работи во полето на дигиталните права и на заштита на правата на лица што не се државјани на Белорусија, веќе беше насилно затворена во октомври минатата […]

Доделени шест грантови за поддршка на проекти поврзани со родова еднаквост

јануари 21, 2022

Во склоп на регионалниот проект, „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ”, организацијата Реактор – Истражување во акција и партнерите од регионот доделија 30 грантови на граѓански организации за проекти поврзани со родовата еднаквост и унапредување на положбата на жената во општеството. Во проектот учествуваат организации од земјите на Балканот, Реактор – […]

Компаративна анализа: Граѓанското учество во Западен Балкан

октомври 28, 2021

Во рамки на работата на проектот „Вмрежување на Граѓански организации за подобра локална демократија на Балканот“, финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА) и имплементиран од Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN), беа направени три компаративни студии кои го испитуваат нивото на учество на граѓаните во локалното донесување на одлуки во […]

Гледајќи напред и гледајќи назад – Искуство од регионалната соработка и вмрежување на граѓанските организации во Западен Балкан

октомври 27, 2021

Вмрежувањето на регионалните граѓански организации на Балканот стана сè поголем предизвик за повеќето организации вклучени во регионални иницијативи кои ги поттикнуваат човековите права, демократијата, доброто владеење, владеењето на правото, помирувањето или социоекономскиот развој. Може да се забележат најмалку три причини за оваа незавидна ситуација со која се соочуваат и формалните и неформалните регионални мрежи на […]

Отворен е повик за апликации за поддршка на граѓанските организации за промовирање на Дигиталната агенда

мај 17, 2021

Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис, преку проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“, ко-финансиран од Европската Унија, го отвори Повикот за апликации преку кој ќе се обезбеди поддршка на граѓанските организации за промовирање на Дигиталната агенда. „Преку вториот циклус на грантовата шема за мали грантови ЛОТ 2: Доделување на грантови за Иницијативи за […]

ИЦЕДА доделува грантови до 7.000 евра за развој на Дигиталната агенда

мај 6, 2021

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“, кофинансиран од Европската унија, а спроведуван од Фондација Метаморфозис и од нејзини партнери од неколку балкански земји, отвори Повик за апликации за поддршка на граѓански организаци (ГО) за промовирање на Дигиталната агенда. Ќе бидат доделени 15 мали грантови на ГО од Албанија, Косово, Црна Гора, […]

Архитекти, професори и граѓански организации бараат од Заев поддршка за суспензија на ДУП-от спроти Холидеј Ин

април 14, 2021

Неколку граѓански организации, универзитетски професори, архитекти и медиуми упатија јавен повик до премиерот Зоран Заев за поддршка на суспензијата од Општина Центар за Деталниот урбанистички план ЦО8 за паркингот спроти хотелот Холидеј Ин, како и други ДУП-ови во Општина Центар што не се усогласени со Генералниот урбанистички план на Град Скопје. Во барањето се повикуваат […]

Секторските работни групи и граѓанскиот сектор треба да го зајакнат партнерството за реализација на ЕУ проектите

март 12, 2021

Секторските работни групи (СРГ) треба да ја зголемат соработката со граѓанските организации (ГО), која треба да се одвива транспарентно и со партнерски однос, со цел поквалитетно и поефикасно да се испланираат и да се спроведат проектите од ЕУ кои се важни за Република Северна Македонија во евроинтеграциските процеси. Тоа да се однесува за сите СРГ, […]

МОН: Граѓанскиот сектор оцени дека реформите се од најдобар интерес на учениците и наставниците

јануари 26, 2021

Добиваме огромна поддршка за предложената концепција за основното образование од граѓанските организации. Реформите се оценети дека се во најдобар интерес на учениците и на наставниците и со нив се јакнат основните граѓански вредности како што се: еднаквоста, инклузивноста, мултикултурноста и недискриминацијата, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска по состанокот на Министерството за […]

Страна 1 од 5