среда, 14 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: сексуално образование | 24 резултати

Образовниот концепт не предизвикува рана сексуализација

24 септември 2023

Презентацијата за употреба на кондоми и средства за контрацепција кај младите не предизвикува рана сексуализација, велат сексолозите. Напротив кај младите е нужно сексуално образование за едукација и заштита. Сексот во нашето општество, за жал, е табу тема особено на релација дете-родител и ученик-наставник. Токму затоа е потребно сексуално образование, кое ќе придонесе за правилен развој […]

Сликовницата прикажана во пост не е дел од образовниот систем на Германија

16 јули 2023

Сликовницата има едукативен карактер и е наменета за родители, старатели и воспитувачи како прирачник на тема сексуално образование. Сликовницата не е учебник кој се користи во официјалната наставна програма во Германија, а тоа за странски проверувачи на факти го потврдиле образовните власти на 15 германски покраини, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме […]

Сеопфатното сексуално образование е клучно во детабуизација на менструацијата

1 јуни 2023

Сеопфатното сексуално образование е клучно во детабуизирањето на менструацијата и ослободување од дискурсот на срам преку едукативни кампањи и јавни дебати, паралелно со едукација на стручните служби во образовните установи, порачаа учесничките на конференцијата „Кршење на табуата: Менструална правда за сите!“ која се одржа вчера во организација на Здружението за промоција на женската активност Тиииит! […]

ХЕРА не е членка, ниту партнер на Планирано родителство

2 февруари 2023

Не е вистина дека Планирано родителство е главен партнер на ХЕРА. Од ХЕРА за Вистиномер велат дека тие не се членка, ниту партнер на Планирано родителство. Исто така, во постот надвор од контекст и сосема неосновано се доведуваат во корелација абортусите во САД со пилот програма за сеопфатно сексуално образование во С. Македонија. Овие две […]

Дезинформација е дека деца во училиште во Аеродром требало да се облекуваат како спротивниот пол

30 декември 2022

Наводите во непроверената вест за некакви наводно планирани активности во училиште во Аеродром, се пласирани како вистинити, со цел почнување хајка против градоначалникот на Аеродром дека спроведува некаква индоктринација за учење на децата дека не постојат родови, дека мажите можат да бидат жени и обратно. Не е точно дека раководството на училиштето им наложило на […]

Со измислена изјава се стигматизира невладината ХЕРА

28 декември 2022

Не е вистина дека ХЕРА се залага за нормализирање на порнографијата, во постот се пласира измислена изјава која ХЕРА никогаш не ја дале. Сите ставови на ХЕРА се однесуваат на сексуална работа помеѓу возрасни лица, а не за деца. Сексуално преносливите болести и абортусот не корелираат ексклузивно само со сексуалната работа, туку можат да се […]

Во С. Македонија нема сексуално образование за деца од 0 до 4 години

17 декември 2022

Кај нас не постои сеопфатно сексуално образование од 0-4 години и оттука било какво тврдење поврзано со работата на нашата организација во овој контекст е беспредметно и неиздржано. Се работи за класична манипулација и извртување на фактите. Исто така, во нашата земја не постои ниту неформална програма за сексуално образование за деца на оваа возраст […]

Не е точно дека ЦДЦ потврдил дека мајмунските сипаници се сексуално пренослива болест

27 август 2022

Наспроти изнесеното во постот, не е вистина дека Центарот за контрола и превенција на болести во САД (ЦДЦ) потврдил со сигурност дека мајмунските сипаници се сексуално пренослива болест. На страницата на ЦДЦ пишува дека мајмунските сипаници не се сексуално пренослива болест, но честопати се пренесуваат преку близок одржлив физички контакт, кој може да вклучува и […]

Вистиномер: Сеопфатното сексуално образование не промовира педофилија во училиштата

10 април 2022

Во Република Северна Македонија педофилијата е кривично дело, така што е невозможно во училиштата да се предаваат содржини кои ја промовираат истата. Во постот се прави пропагандистички спин со цел да се даде погрешна слика за наставата за сеопфатно сексуално образование. Во 2021-2022 година, само четири основни училишта беа опфатени со ССО и не на […]

Основен граѓански суд: „Од нас за нас“ е одговорна за сторена клевета против ХЕРА

1 април 2022

Граѓанскиот суд Скопје, на 3 февруари пресуди дека Здружението „Од нас за нас“ сторило клевета против ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација, поради континуирано изнесување невистинити факти за самата организација и за сеопфатното сексуално образование преку неговата Фејсбук-страница. Како што велат во асоцијацијата, Граѓанскиот суд потврдил дека невистините изнесени од страна на „Од нас за […]

Обвинител побарал МВР да почне истрага за скандалот со извидничкиот настан „Секс скаутс енд рокенрол“

30 септември 2021

Дежурен јавен обвинител вчера дејствувал по обелоденувањето на случајот со настанот „Секс скаутс енд рокенрол“ организиран од првиот скопски извиднички одред, на кој имало соблекување на облеката и прашање колку сексуални партнери имале децата. Како што извести Јавното обвинителство (ЈО), дежурниот обвинител издал насоки до МВР кои дејствија да се преземат за да се утврди […]

ХЕРА: Итно да се реши случајот со извидничкиот настан „Секс скаутс енд рокенрол“

29 септември 2021

ХЕРА, Асоцијацијата за здравствена едукација апелира за итно постапување на институциите по допрен глас и за целосно расветлување и разрешување на случајот поврзан со извидничкиот настан „Секс скаутс енд рокенрол“, стои во денешното соопштение испратено од асоцијацијата до медиумите. Станува збор за сведоштво на родител кој го споделува искуството на неговото дете кое минатитот викенд […]

МОН: Лажни вести и фотографии се шират за сексуалното образование, граѓаните да следат официјални известувања од МОН и БРО

17 јули 2021

Министерството за образование и наука демантира каква било поврзаност на фотографиите и содржините кои деновиве кружат на социјалните мрежи, со сеопфатното сексуално образование. „Лажните вести и монтажи по социјалните мрежи се интензивираат со цел заплашување и лажење на граѓаните. Граѓаните да бидат спокојни, образованието се унапредува и реформира. Сите информации кои деновиве се шират поврзани […]

Порталб: Нејаснотии во врска со сексуалното образование, објаснување каква ќе е содржината на предметот [видео]

4 јуни 2021

Во рамките на реформите во основното образование што министерката за образование и наука Мила Царовска ја претстави на крајот на минатата година е и воведувањето на сексуалното образование како изборен предмет за деветто одделение. Овој чекор наиде на критики и противења од група родители кои и протестираа. Со цел да се разјасни која ќе биде […]

Царовска вели протестот е уставно загарантирано право, но промените во образованието мора итно да почнат

12 мај 2021

По најавените протести на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ и најавениот марш во Скопје за в сабота, министерката за образование и наука Мила Царовска денеска рече дека протестите и иницијативата за референдум за образовните реформи се уставно загарантирано право. Сепак, таа додаде дека реформата ќе продолжи со цел во фокусот на образованието […]

Сексуално образование? (Видео)

16 март 2021

Во нејзиното ново видео Кика Авеиро зборува за новостите во образованието меѓу кои е сексуалното образование. „Сексуалното образование се случува, само прашањето е дали ќе се случува под контролирани околности или ќе се случува дома без никој да ги гледа, без никој да знае за тоа?“, вели таа. Погледнете го видеото:

Контраспин: Јаневска спинуваше дека сексуалното образование ќе биде предмет од второ одделение

3 февруари 2021

Извртувањето на вистината дека како изборен предмет сексуалното образование ќе се нуди од второ одделение во идниот реформиран систем на образование, што МОН го има зацртано од наредната учебна година, беше повод за редица шпекулации во јавноста изминатите неколку дена, пишува Вистиномер. Претседателката на комисијата за образование при ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Весна Јаневска, гостувајќи на […]

Лажна вест е дека има учебници за второ одделение со содржини за сексуално образование, велат од МОН

1 февруари 2021

Министерството за образование и наука ги демантираа информациите проширени од Фејсбук групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното образование. Како што појаснуваат од МОН, прикажаните текстови и илустрации кои се додаваат на делови од Концепцијата не […]

ХЕРА: Партиите да се заложат за воведување на сеопфатното сексуално образование како предмет во училиштата

5 јули 2020

Од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА) упатуваат апел до сите кандидати и кандидатки од политичките партии, како и до сите чинители вклучени во изборните кампањи, да користат јасни недвосмислени пораки и точни информации кога станува збор за сеопфатното сексуално образование (ССО). „Кога се едукацијата и квалитетното образование во прашање, младите имаат право да […]

Владата додели пари за подготовките за новиот Клинички центар

6 ноември 2019

Вкупно 14,4 милиони денари (234.000 евра) на својата вчерашна, 162. седница додели Владата на Општина Ѓорче Петров за изработка на урбанистичко проектни документации, основни проекти за инфраструктура и елаборат за геолошки и геомеханички својства на почвата за местото Веле Поле, каде што треба да се гради новиот Клинички центар. Исто така, прифатена била Информацијата на […]

Страна 1 од 1