fbpx
Таг: 15 јули 2020

таг: 15 јули 2020

ЗНМ и СЕММ го осудуваат директното кршење на изборниот молк од некои онлајн медиуми

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро ги осудуваат случаите на грубо прекршување на изборниот молк од страна на повеќе онлајн медиуми во текот на вчерашниот ден, што претставува сериозно компромитирање на изборниот процес. „Се оди дотаму што медиуми коишто и самите потсетуваат како да се избегнат изборните нерегуларности, со своето...

Вестминстер: Младите како кандидати за пратеници ретко се на добитни позиции

Просечната возраст на кандидатите за пратеници на претстојните парламентарни избори е 42,54 години. Партијата со најмлади кандидати има просечна возраст од 32,3 години, додека највисоката просечна возраст кај една партија е 53,2 години. Најмладите кандидати на овие избори имаат 18 години, додека највозрасниот кандидат 87 години. Ова се дел од наодите на новото истражување на Фондацијата за демократија на...

Партиска пропаганда на денот на избори поради немање изборен молк

На вонредните парламентарни избори што треба да се одржат на 15 јули идната недела на денот на гласање нема да има изборен молк. Тоа значи дека учесниците на изборите на денот на гласање ќе можат да ги користат медиумите и социјалните мрежи за да ги повикаат граѓаните да гласаат за нив и при тоа ни партиите ни медиумите нема...

Стратум: За коалицијата на СДСМ и БЕСА два отсто повеќе гласачи од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Борче Поповски
Владејачката коалиција „Можеме“ предводена од СДСМ и Движењето БЕСА би победила со тесна разлика од 2 отсто на парламентарните избори што ќе се одржат на 15 јули, покажува најновото анкетно истражување на „Стратум Р&Д“. На прашањето „За која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори на 15 јули?“, 25 отсто од испитаниците се определиле за коалицијата „Можеме“, додека 23...

Само двајца штипјани во изолација се пријавиле за гласање на 13 јули

Фото: Борче Поповски
Од вкупно 98 лица од Штип кои досега се пријавиле за гласање од дома, само двајца спаѓаат во групата на болни од ковид-19 и на лица во самоизолација. Тие треба да гласаат на првиот изборен ден, на 13 јули, додека следниот ден е определен за гласање на немоќни и болни лица. Ова денеска на прес-конференција го соопшти претседателката на Општинската...

Филипче уверува дека гласањето на денот на изборите ќе биде безбедно

Министерот за здравство Венко Филипче во видео-порака потсети дека Министерството за здравство во соработка со другите институции изготви сигурен и ефикасен протокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласањето на парламентарните избори што ќе се одржат на 15 јули. „Сакам од мое лично име и од името на Комисијата за заразни болести, да ве уверам дека на денот на...

Резултатите од изборните анкети медиумите може да ги објавуваат најдоцна до 9 јули

Фото: Борче Поповски
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги потсетува радиодифузерите дека резултатите од испитувањата на јавното мислење во врска со предвремените парламентарни избори, согласно Изборниот законик може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите, односно најдоцна до 24 часот на 9 јули 2020 година. „При објавување на резултатите од испитувањата на јавното мислење...

МРТ во изборните програми: СДСМ ја гледа како заштитник од дезинформации, ВМРО ќе ја уредува со нов закон

Идниот развој на јавниот радиодифузен сервис е вклучен во изборната програма на двете најголеми политички партии што ќе се натпреваруваат на изборите на 15 јули. За владејачкиот СДСМ, приоритет е Националната радио-телевизија да прерасне во вистински јавен радиодифузер, кој мора да биде во тек со времето и да биде присутен на сите современи платформи и да биде достапен до...

ХЕРА: Партиите да се заложат за воведување на сеопфатното сексуално образование како предмет во училиштата

Од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА) упатуваат апел до сите кандидати и кандидатки од политичките партии, како и до сите чинители вклучени во изборните кампањи, да користат јасни недвосмислени пораки и точни информации кога станува збор за сеопфатното сексуално образование (ССО). „Кога се едукацијата и квалитетното образование во прашање, младите имаат право да бидат навремено и правилно информирани....

ЦИВИЛ: Социјалните мрежи и дел од медиумите и на овие избори се користат за ширење лажни вести и омраза

Граѓанската организација ЦИВИЛ денеска одржа прес-конференција за да ги претстават нивните досегашни наоди од мониторингот на платеното политичко рекламирање и медиумското известување пред и за време на изборната кампања за изборите што ќе се одржат на 15 јули. Од тимот на ЦИВИЛ посочија дека првата недела од предизборната кампања почнала жестоко и валкано, со жалење дека дезинформациите, клеветите, вербалното...

ДУИ со претставка до ААВМУ, Агенцијата бара баланс во дебатните емисии на медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вчера добила претставка од политичката партија ДУИ, во која таа реагира на организирањето дебатни емисии на програмите на медиумите. Агенцијата веднаш направила увид во податоците од мониторингот на досегашното изборно медиумско претставување, при што упати апел до медиумите за баланс при организирањето дебатни емисии. „Радиодифузерите, доколку одлучат да емитуваат дебати и други...

Болните и немоќните, како и лицата со ковид-19 и во самоизолација, треба да се пријават за гласање до 8 јули

Фото: Борче Поповски
Од денеска па сè до 8 јули, немоќните и болните лица, како и пациентите заболени со ковид-19 и лицата што се во самоизолација, ќе мора да се пријават до општинските изборни комисии за да го остварат своето право на глас на претстојните парламентарни избори. За нив, објавено е упатство за начинот на кој ќе се одвива пријавувањето и гласањето.  Лицата...

ААВМУ мониторира 14 медиуми, регистрирано едно прекршување кај политичките реклами

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) врши мониторинг на изборното медиумско претставување на 14 медиуми, како и мониторинг на платеното политичко рекламирање за изборите на 15 јули на сите радиодифузери од Регистарот на медиуми на ДИК. На денешниот јавен состанoк, директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски посочи дека на првиот ден од изборната кампања, ААВМУ констатирала дека повеќе...

На 15 јули во некои општини ќе се гласа и во спортски сали и приватни објекти

Фото: Борче Поповски
Завршени се сите потребни активности околу обработката на податоците и Државната изборна комисија (ДИК) во среда ќе го заклучи Избирачкиот список за претстојните парламентарни избори на 15 јули. Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски изјави дека на овие избори ќе можат да гласаат околу 1.814.000 граѓани. Избирачкиот список е прочистен и во него се впишани сите полнолетни граѓани, а точниот...

Конечно падна договор меѓу Заев и Мицкоски: Изборите ќе се одржат на 15 јули

Лидерите на двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, конечно денеска успеаја да ги усогласат различните ставови околу датумот за одржување на парламентарните избори. Гласањето ќе се одржи на 15 јули. Заев на прес-конференција порача дека државата и народот мора да се спасат од каков било ризик од дополнително влошување на ситуацијата и дека...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...