ВМРО-ДПМНЕ не го открива претседателскиот кандидат, ќе го бираат на конвенција

Партискиот претседател Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Ресен, на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе биде маж или жена кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, одговори дека партијата има сериозна внатрешна процедура, а преку организирање на изборна конвенција делегатите ќе го изберат самиот кандидат

-

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не го открива името на претседателскиот кандидат со којшто ќе настапат на претстојните претседателски избори, што треба да се одржат наредната пролет. Партискиот претседател Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Ресен, на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе биде маж или жена кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, одговори дека партијата има сериозна внатрешна процедура, а прекуизборна конвенција, делегатите ќе го изберат конечниот кандидат.

„Ние во минатото како политичка партија се покажавме дека имаме навистина широки погледи за тоа кои ќе бидат претседателски кандидати, ВМРО-ДПМНЕ има една сериозна внатрешна процедура, преку организирање изборна конвенција која што е статутарна одредба, делегатите кои што произлегуваат од членството ќе го дадат своето мислење, очекувам да има кандидати кои ќе бидат и мажи и жени, па делегатите на конвенцијата нека го изберат најдоброто решение за Македонија пред се а потоа и за ВМРО-ДПМНЕ“, изјави денеска Мицкоски.

Инаку, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ од претходните избори во 2019 година, Гордана Силјановска-Давкова во вчерашното интервју за емисијата „360 степени“ на МТВ 1 рече дека не може со сигурност да каже дали повторно ќе биде кандидат за претседател на претстојните избори што треба да се одржат напролет.

„Не велам – не, бидејќи ќе биде неодговорно потоа да ме потсетувате дека сум рекла не. Ама не сум сигурна“, изјави Силјановска-Давкова.

Од друга страна, Фокус денеска пишува дека токму Гордана Силјановска-Давкова и Александар Спасеновски се дел од од 22-те имиња на кои партијата ВМРО-ДПМНЕ им ги мери рејтинзите како можни кандидати за претстојните претседателски избори.

На претходните претседателски избори во 2019 година, ВМРО-ДПМНЕ на изборна конвенција во Струга ја избра Гордана Силјановска-Давкова за кандидат на претседателските избори. Делегатите на партијата тогаш можеа да бираат помеѓу неколку кандидати, а во трката за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ беа вклучени: Никита Шекутковски, Ѓорѓи Манасков, Васко Костов, Влатко Ѓорчев, Гордана Силјановска-Давкова, Илија Димовски, Филип Петровски, Горан Ангелов и Сашо Кутлешовски.

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Мариника Тепиќ објави фотографија на која наводно се гледа звучниот топ на српската полиција (Фото)

Потпретседателката на Партијата на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, објави фотографија од протестот на 15 март во Белград на која се гледа уред што личи на звучен топ LRAD 450XL...

Црвен крст: Досега се собрани 21 милион денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани

Црвениот Крст на Република Северна Македонија информираше дека досега се обезбедни вкупно 20.932.654 денари, средства наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани. „Црвениот крст упатува голема благодарност на сите...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој...