Италија заплени 780 милиони евра од Airbnb поради сомнежи за даночно затајување

Обвинителите тврдат дека фирмата не собрала даноци од имоти вредни 3,7 милијарди евра од газдите кои ја користеле апликацијата за привремено изнајмување на станови

-

Италијански судија наредил да се запленат 779,5 милиони евра од Airbnb поради сомнежи за даночно затајување. Фирмата не собрала даноци од имоти во вредност од околу 3,7 милијарди евра од газдите кои ја користеле апликацијата за привремено изнајмување на станови, известува Би-би-си.

Сопствениците на имот во Италија се обврзани да платат 21 отсто данок на добивка.

Од Airbnb велат дека се обидувале да го решат проблемот од јуни и дека се „изненадени и разочарани“ од одлуката на италијанското правосудство.

Претходно, во 2022 година, Airbnb се спротивставиле на италијанскиот закон, кој ги обврзувал компаниите кои нуделе привремено изнајмување на станови да соберат и платат 21 отсто данок на добивка од сопствениците на становите. Од Airbnb сметале дека законот бил спротивставен на законот во Европската Унија, кој гарантира слобода за нудење услуги низ унијата.

Но, Европскиот суд на правдата донел одлука која им овозможува на земјите-членки да бараат повисок данок од фирмите како Airbnb.

Дополнително, според тоа што известуваат италијанските медиуми, се чини дека италијанските судови целат да ги даночат и другите технолошки гиганти, како Мета и Нетфликс.

Дводневен саем за пракса и вработување на Машински факултет

Студентите од техничкиот кампус при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, денеска на Машинскиот факултет го посетија саемот за пракса и вработување, кој ќе трае и утре. Целта е студентите...