fbpx

ВМРО-ДПМНЕ на 2 март на Конвенција ќе избере кандидат за претседател

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука за формирање на Републички изборен штаб кој ќе го предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

-

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на Изборна Конвенција во Скопје на 2 март догодина ќе го избира кандидатот за претседател што ќе се натпреварува на претседателските избори. Ова е одлучено на вечерашниот Извршен комитет на партијата, информираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука за формирање на Републички изборен штаб кој ќе го предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а негов заменик ќе биде генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски.

„И за избор за претседател и на парламентарните избори очекуваме историски голема победа по која што ќе се случат промените во Македонија и ќе се стави крај на оваа корупција, како и тонење на економијата“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски по одржувањето на Извршниот комитет на партијата.

Од владејачката партија СДСМ пак одржаа седница на Извршниот одбор во неделата, но нема податоци кога ќе се избере нивниот кандидат за претседател. Од СДСМ беше најавено дека започнале иницијатива за формирање на широк Европски фронт на сите политички и општествени чинители коишто го поддржуваат членството во ЕУ.

Инаку, лидерите на парламентарните политички партии се договорија во понеделникот првиот круг од претседателските избори да се одржи на 24 април 2024 година, додека евентуален втор круг од претседателските избори ќе се одржи заедно со парламентарните избори кои ќе бидат закажани за 8 мај 2024 година. На лидерската средба беше договорено да се формира техничка влада согласно актуелниот закон, која што ќе профункционира од 28 јануари, при што премиерот на техничката влада ќе го даде партијата ДУИ.

Партиите договорија техничка влада од 28 јануари и двојни избори на 8 мај

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...