fbpx

Сè додека не се издаде нова лиценца, БЕГ има обврска да произведува топлинска енергија

-

Сè додека не се издаде нова лиценца, БЕГ има обврска да ја врши дејноста производство на топлинска енергија, децидни се од Регулаторната комисија за енергетика и од Владата.

Од Регулаторна комисија прецизираа дека вршењето на јавната дејност производство на топлинска енергија од регулиран производител е прецизно дефинирана во Законот за енергетика каде основниот императив на вршителот на јавна дејност е да обезбеди сигурно, континуирано и квалитетно производство на топлинска енергија.

„Законот за енергетика, кој доби и зелено светло од Енергетска заедница во целост ги има инкорпорирано сите одредби од европската легислативата по однос на сигурно, стабилно и континуирано снабдување со енергија. Во тој дух и РКЕ ги носи одлуките со кои се прецизира дека сè до избор на нов вршител на посочената енергетска дејност, на актуелниот вршител не му престанува обврската за обезбедување на јавна дејност. Обврската за вршење на јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца (во случајов нов вршител на јавна дејност)“, истакнаа од РКЕ.

Ваквата реакција доаѓа по објавата на БЕГ Производство дека немаат ниту правен основ да располагаат со топланите, ниту обврска да продолжат со вршење на дејноста во новата грејна сезона.

Според Владата граѓаните на Скопје ќе имаат парно и согласно Законот за енергетика загарантирано е јавната дејност да се врши во целост без прекин.

„Во овој момент се финализираат преговорите за регулирано производство на топлинска енергија, врз основа на претходно донесената одлука на Владата за избор на вршители на енергетски дејности, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Штом завршат истите, јавноста ќе биде навремено известена“, наведено е во владиното соопштение.

Од Влада посочуваат и дека заедно со ресорните институции постојано работат на обезбедување на потребните ресурси за производство на топлинска енергија по најповолни цени, сè со цел домаќинствата да имаат помали трошоци. Како што велат, се бара најдоброто решение за обезбедување на најниска цена на гас или мазут со цел да се спречи ценовен шок и да не поскапи парното.

БЕГ: Немаме обврска да продолжиме со производство на топлинска енергија

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...