fbpx

Бугарските медиуми протоколарно го најавуваат вечерашниот фудбалски дуел во Скопје

-

Вечерашниот фудбалски меч од Лигата на нациите меѓу Северна Македонија и Бугарија (машки) во главните бугарски медиуми за вечерва се најавува главно протоколарно, без разлика на проблемите меѓу двете држави актуелизирани во последниве 4 години поради придвижување на проширувањето на ЕУ и почетокот на преговорите.

Според јавниот радиодифузен сервис Бугарска национална телевизија, потоа според бТВ, главната приватна телевизија со национална концесија, како и според новинските агенции „Фокус“ и „БГнес“, вечерва ќе се случува меѓународна фудбалска пресметка.

Не се наведуваат други детали за спорот меѓу земјите, впрочем како што доликува на спортски меч.

Македонското МВР извести дека ќе спроведува посебен режим на сообраќај околу Градскиот стадион, Арената „Тодор Проески“ во Скопје поради вечерашниот меч, со почеток во 20.45 часот. Но, освен што повика на почитување на вонреднитот режим, не упати други предупредувања.

Главните бугарски медиуми, односно две телевизии со национална концесија – едната јавна, другата приватна, и двете најголеми бугарски новински агенции во приватна сопственост, исто така протоколарно го најавија вечерашниот меч, во кој Бугарија влегува со еден бод негативна разлика.

Според бугарскиот јавен радиодифузен сервис, односно сервисот за вести на Бугарската национална телевизија (БНТ), вечерва Бугарија се соочува со нов натпревар во квалификациите, во кој ги очекува сериозен противник, што играше нерешено со „триколорите“. Нов селектор на бугарската репрезентација е Младен Крстачиќ, потсетува БНТ, кој очекува силен противник вечерва. Тој повика да се остави политиката на страна вечерва.

„Потребно е одново да играме со енергија, за да постигнеме подобар резултат. Треба да излеземе концентрирани на теренот и не нѐ интересира тоа што се зборува околу мечот. Политиката е работа на политичарите. Ја исполнивме целта да останеме во дивизијата, а ќе се обидеме повторно да изиграме атрактивно. Го очекувам тоа од моите играчи, зошто тие се потполно способни да го направат“, порача Крстачиќ.

Освен други изнесувања на факти кои ќе бидат главните фигури на теренот, според стратегијата на бугарскиот селектор, БНТ не изнесува други информации.

Сличен напис објави и приватната ТВ мрежа бТВ, која се потруди да направи анкета за вечерашниот меч, од која генерално се дознава дека луѓето во Скопје не го разбрале фудбалскиот терен како простор за израмнување на разликите на политички план, но и дека се посебно ентузијастички настроени во поглед на победа на репрезантацијата на Северна Македонија – сепак, без нереални очекувања. Без друг сочни детали, оваа национална бугарска телевизија изнесува и уште еден прилог – за името на главниот скопски стадион, потсетувајќи зошто го носи името на Тоше Проески. Оваа телевизија, сопственост на меѓународен конзорциум, потсетува дека стадионот го носел името „Филип Втори“, а потоа е преименуван кога Македонија решила да прифати дека Филип Втори, припаѓа на грчката историја.

Новинските агенции „БГНЕС“ на родениот во Скопје Љубчо Нешков и „Фокус Њуз“, кои поприлично емотивно го третираат спорот меѓу Македонија и Бугарија во последниве 1,5 децении, во поглед на овој европски меч, известуваат строго професионално новинарски.

БГНес ја изнесува изјавата на Крстаиќ и ги изнесува основните детали и предисторијата на бугарската машка фудбалска репрезентација пред вечерашното соочување, а истото го прави и „Фокус“, која извести дека до утрово се продадени 20.000 билети за овој натпревар од Лигата на нациите на УЕФА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...