fbpx

ЕСМ: Започна санацијата на цевководот под мостот Беласица

Од ЕСМ потсетуваат дека во тек на грејната сезона испораката на топлинска енергија се врши во периодот меѓу 6 и 22 часот, според строго утврдени правила и дијаграми

-

Успешно се отстранети оштетените цевки кои се дел од цевководот кај мостот Беласица и донесени се нови, чие поставување е започнато, информираа денеска од Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ).

Од ЕСМ велат дека поставувањето на новите цевки и комплексна активност и бара сериозна посветеност и работа, а институцијата ветува максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок.

Додека траат активностите за поставување на новите цевки, се користи алтернативниот вод на железничкиот мост, за кој од Електрани велат дека врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите, вклучувајќи ги и количините што ќе ги испорачува ТЕ-ТО.

Од ЕСМ потсетуваат дека во тек на грејната сезона испораката на топлинска енергија се врши во периодот меѓу 6 и 22 часот, според строго утврдени правила и дијаграми.

„Според овие правила, на почетокот од грејната сезона во месеците октомври и првата половина на ноември кога надворешните временски услови се променливи, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите зависи од надворешните температури и од атмосферските услови во различни периоди од денот. При одредени атмосферски услови во периодите на високи надворешни дневни температури, се прекинува испораката на топлинска енергија“, велат од Електрани на Северна Македонија.

Од таму апелираат до потрошувачите и „управителите“, односно „заедниците на сопственици“ да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа на потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица и да обезбедат постојано напојување на станицата со електрична енергија.

Инаку, скопската градоначалничка Данела Арсовска пред неколку недели изјави дека минорните оштетувања на мостот Беласица треба да ги направи АД ЕСМ, а дури потоа да почне поставувањето на новите цевки од топловодот. Таа посочи дека дури Градот Скопје и да сака да пристапи на санацијата на мостот, ќе треба ново буџетирање, нова програма и ќе требаат одлуки на Совет на град Скопје, а за сето ова ќе треба време, додека ЕСМ санацијата би ја завршил пред да почне грејната сезона.

Поради ваквиот спор меѓу АД ЕСМ и Град Скопје во врска со тоа кој треба да го санира мостот, изминативе месеци не беа поставени нови цевки од топловодот што минуваат под мостот Беласица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...