fbpx

Руската агресија врз Украина продолжува, акцент ставен на нападите со дронови

Беспилотните летала биле лансирани во неколку бранови од околу 20 часот синоќа до 3.30 часот утрово

-

Украинската воздушна одбрана соборила 34 од 35 руски беспилотни летала лансирани во голем напад во текот на ноќта кој бил извршен врз 12 украински региони, пренесува Гардијан. 

Дроновите од иранско производство биле лансирани во неколку бранови од околу 20 часот синоќа до 3.30 часот утрово, соопшти военото воздухопловство на Телеграм, а мета биле региони како Кијив, Херсон, Запорижја, Николаев, Днипро и Суми.

Воздушните тревоги во многу украински региони во центарот, југоисточниот и северниот дел на Украина траеле со часови. Засега нема извештаи за материјална штета или жртви.

Биле изведени и 99 борбени ангажмани на фронтот во Украина, а украинските воздухопловни сили 17 пати погодиле непријателски групи со оружје, вклучително и систем за противвоздушна одбрана, соопшти Укринформ. 

Русија извршила пет ракетни напади и 68 воздушни напади, како и 88 ракетни напади, на позициите на украинските војници и на населените места.

Дополнително, Германија денеска најави дека ќе обезбеди уште 88,5 милиони евра за да помогне во зајакнувањето на отпорноста на украинскиот енергетски систем, се вели во заедничката изјава во четвртокот од министерствата за надворешни работи и за економија.

Министерството за економија на Германија придонесува со 54,3 милиони евра преку државната банка, додека германското Министерство за надворешни работи со 34,2 милиони евра во Фондот за енергетска поддршка на Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...