fbpx

Бројот на убиени во Газа од почетокот на војната надмина 20.000

Истовремено, Советот за безбедност на Обединетите нации повторно го одложи гласањето за примирје во Газа, а преговорите со лидерот на Газа во Египет не биле „продуктивни“

-

Како што хуманитарната состојба во Газа континуирано се влошува, така и преговорите за примирје во регионот континуирано се комплицираат. Според Министерството за здравство во Газа, бројот на жртви во Газа надминал 20.000, известува Би-би-си.

Советот за безбедност на Обединетите нации повторно го одложи гласањето за примирје во Газа, со цел реформулирање на резолуцијата за да биде прифатлива за САД. Претставници од САД велат оти се посветени да стигнат до резолуција која би ја изгласале, наместо само да постават вето.

Истовремено, според Гардијан, преговорите меѓу Исмаил Ханијех, лидерот на Хамас, и египетски лидери завршиле без „заклучок“. Се дискутирало кои од заложниците кои Хамас ги заробиле за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври би можело да се ослободат, но портпаролот на Хамас вели оти тие не се подготвени за преговори сè додека Израел не се согласи на целосен прекин на нивната операција во Газа.

Притисок за примирје постои и од израелското население, особено по случајот на тројцата израелски заложници кои беа убиени од израелските сили. Тие мавтале со бело знаме и викале „помош“ на хебрејски. Дополнително, се откри оти имало снимка, снименаод пес од израелската војска со камера на себе, во која можеле да се чујат истите заложници како викаат за помош на хебрејски. Портпаролот на израелската војска изјави дека снимките биле разгледани тек откако веќе биле убиени заложниците.

Израелските одбранбени сили изјавија оти убиството претставува прекршување на своите правила на војување. Случајот предизвика строга реакција во Израел, чии жители бараат итно решение за враќање на останатите заложници во Израел.

Покрај бомбардирањата во појасот Газа, според генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејсус, другата најзагрижувачка закана по животите и здравјето се комбинацијата на гладот, ширењето на болести, како и недостиг на соодветна хигиена. Гебрејсус коментираше дека по рацијата на болницата Ал-Ахли, истата веќе не може соодветно да ги згрижува своите пациенти.

Дополнително, Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации соопшти дека им пристигнала „вознемирувачка“ информација во која се тврди оти израелските одбранбени сили убиле најмалку 11 палестински мажи пред нивните семејства. Доколку овој чин навистина се случил, тој би претставувал војно злосторство. Гардијан сè уште го немаат независно потврдено ова тврдење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...