fbpx

Германија испраќа нови тенкови помош за Украина, продолжуваат руските ракетирања

Иако по почетокот на руската агресија врз Украина пред 18 месеци, Германија беше воздржана во одлуката за испраќање на воена помош на Украина, сега е меѓу водечките земји кои испраќаат воена поддршка

-

Германија за Украина обезбеди нови 10 тенкови леопард, како и 13,1 милиони парчиња муниција за пешадиско вооружување и друга опрема, јавува германската новинска агенција ДПА. 

Меѓу списокот на новата воена помош се наоѓаат тенкови Леопард 1 А5, радари ТРМЛ-4Д, дел од систем за противвоздушна одбрана Ирис-Т, полска болница, 16 извидувачки дронови и четири камиони.

Иако по почетокот на руската агресија врз Украина пред 18 месеци, Германија беше воздржана во одлуката за испраќање воена помош на Украина, сега е меѓу водечките земји кои испраќаат воена поддршка.

Германската влада сега е под притисок на Украина да испрати крстаречки ракети Таурус, кои се со домет од 500 километри и можат да погодат цели длабоко на територијата на Русија. Германскиот канцелар Олаф Шолц засега е внимателен со одговорот на ваквото барање.

Во меѓувреме, Русија продолжува со ракетните напади врз цели во Украина. Најмалку три лица се повредени при ракетирање на индустриски објект во Виница, централна Украина, пренесува Гардијан. Ракетни напади во изминатово деноноќие се регистрирани и во регионите Херсон, Донецк, Днипропетровск и Запорижја. Како што пренесува Укринформ, најмалку двајца цивили загинале, а четворица се повредени во ракетните напади извршени од руските сили.

Русија пак на окупираните украински територии организира локални избори, на кои учествува и руската владејачка партија Обединета Русија. Окупантските власти во четирите украински региони одлучиле гласањето да трае во период од неколку дена. Податоците што ги објавува Гардијан говорат дека само околу половина од кандидатите на листата на Обединета Русија се лица кои потекнуваат од окупираните украински региони. Очекувањата се дека оваа партија ќе добие околу 80 отсто од гласовите, прогнозираат руските агенции за испитување на јавното мислење блиски до Кремљ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...