fbpx
Таг: руска агресија

таг: руска агресија

Жестоки ракетни напади врз Кијив и врз шест руски региони

Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени како резултат на рускиот напад врз Кијив што се случи изминатава ноќ, јавува Гардијан. Станува збор за еден од најжестоките напади врз украинскиот главен град од пролетта. Во Кијив и околниот регион се оштетени куќи, станбени и други објекти, при што е предизвикана и голема материјална штета. Украинскиот генерал Валериј Залужни соопшти...

Ден на независноста на Украина: Украинците го бранат своето право на живот, суверенитет и територијален интегритет

Украинците втор пат по ред го слават Денот на независноста во услови на жестока руска агресија. Сега, бранејќи ја својата независност, Украина крвари, рече во својот говор за украинскиот Ден на независноста - 24 Август, амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир. Таа рече дека Руската Федерација уништи дел од европскиот безбедносен простор, меѓународното право и грубо ги прекрши...

Масовни ракетни напади на Русија врз западна Украина, загинаа најмалку три лица

Русија изврши масовни ракетни напади врз западните делови на Украина, во кои животот го загинаа најмалку три лица, пренесува Гардијан. Погодени се објекти во регионите Лвив и Волин, кои граничат со Полска. Најмалку три лица загинаа во Луцк и неколку се повредени откако руска ракета погоди комерцијален објект во овој град кој е административен центар на областа Волин. Во нападот...

Украина со тактички напредок во контраофанзивата, Русија напаѓа кај Купјанск

Украинските сили напредуваат на југот по две главни линии на контраофанзивата, кои имаат за цел да стигнат до југот на Азовското море, да ги прекинат линиите на снабдување на руската војска и да ги одвојат окупираните територии од страна на Русија, пишува Њујорк Тајмс. Американските воени аналитичари објаснуваат дека од почетокот на контраофанзивата, украинската војска напредувала од 12 до 19...

Три лица загинаа, а девет се повредени во рускиот ракетен напад врз Запорижја

Русија изврши нов ракетен напад врз градот Запорижја, во кој животот го загубија најмалку три лица, а девет се повредени, јавува Укринформ. Меѓу повредените е и 11-месечно бебе. Руските ракети завршиле во станбен кварт во Запорижја, а како резултат на ракетирањето имало и пожар во погодените објекти. Покрај станбени згради, погодени се и продавници и друга цивилна инфраструктура. Украинските...

Украина ја обвини Русија дека намерно цели кон спасувачки тимови во нападите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека безмилосно ги напаѓа спасувачките тимови при ракетирањето на цели во Украина, пренесува Јуроњуз. Изјавата на Зеленски доаѓа по вчерашниот напад врз станбени згради во градот Покровск во Донецкиот регион во кој загинаа девет лица, а повредени се над 80. Зеленски ги обвини руските сили дека најпрво гаѓаат цивилни објекти за да ги...

Русија ја користи храната како оружје во Украина, на светот му се заканува криза

Катастрофалните бомбардирања на украинските пристаништа преку кои се транспортираат житарици укажуваат на фактот дека Русија ја користи храната како оружје во војната, но и дека на светот му се заканува сериозна криза што може да предизвика поскапување на прехранбените продукти, проблеми на берзите и недостатоци на храна во некои од најсиромашните земји. На ова денеска укажаа од Европската Унија...

Русија го гранатираше украинското пристаниште во Измаил на границата со Романија

Руските сили извршија ново опасно бомбардирање на украинското пристаниште Измаил во непосредна близина на границата со Романија. Во напад со дрон се уништени силоси со жито и пристанишна инфраструктура во градот кој се наоѓа на реката Дунав, на крајниот југозапад на Украина, јавува Би-би-си. Романските медиуми пренесуваат дека во рускиот напад е погодено пристаништето во Измаил што се наоѓа на...

Присуството на „Вагнер“ во Белорусија би можело да е опасност за балтичките земји

Дел од земјите на НАТО се загрижени дека платениците на „Вагнер“ би можело да предизвикаат проблеми во Белорусија, бидејќи нивната група би можела да се обиде да организира напад преку кој би ја одвоил територијата на балтичките земји од останатите членки на НАТО, пишува Јуроњуз. На ова предупредуваат и експерти кои ги контактирал Јуроњуз, при што професорот по руска политика...

Руски ракети погодија станбена зграда во Криви Рих – има загинати и повредени лица

Руската воена агресија во Украина продолжува со ненамалено темпо. Утрово во руски ракетни напади биле погодени станбени објекти, универзитска зграда и други објекти, а најголеми штети се предизвикани во градот Криви Рих во централниот дел на Украина, пишува Гардијан. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм објави видео од ракетниот напад врз станбена зграда во Криви Рих, информирајќи дека можно е...

Бројот на загинати во Лвив се искачи на 10, двајца загинаа од руски дрон во Днипропетровск

Расте бројот на загинати лица по вчерашниот ракетен напад што го изврши Русија врз станбена зграда во Лвив, во крајниот западен дел на Украина. Властите соопштија дека 10 лица загинале во нападот, а 42 се повредени, пренесува весникот Гардијан. Рускиот напад со ракета „Калибр“ се случи вчерашниот ден, а беше истрелана од Црното Море. Украинските власти го оквалификуваа настанот...

Најмалку четири цивили загинаа во рускиот ракетен напад врз Лвив

Рускиот ракетен напад врз станбена зграда во Лвив уби најмалку четворица цивили, а уште 32 лица се повредени, пренесува Би-би-си. Градоначалникот на Лвив, Андриј Садовиј информира дека сериозни оштетувања претрпеле најмалку 60 домови, а неколку покриви на згради биле уништени. Училиште и студентски дом биле исто така оштетени во рускиот напад врз градот лоциран во западниот дел на Украина. Украинските...

Вагнер на Пригожин продолжува да регрутира борци во Русија

Платеничката војска Вагнер на Евгениј Пригожин продолжува да регрутира борци низ Русија и по воениот бунт што беше организиран во саботата, пишува Би-би-си. Новинари на Би-би-си од руски број се јавиле во регрутните центри на Вагнер низ Русија, а тамошни вработени потврдиле дека истите работат нормално. Исто така, во написот се напоменува дека новите регрутирани лица и понатаму потпишуваат договори...

Уапсен руски шпион што ги дал координатите за смртоносниот ракетен напад врз Краматорск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека е уапсен руски шпион кој бил инволвиран во смртоносниот ракетен напад врз ресторан во градот Краматорск, во кој животот го загубија 12 цивили, јавува Би-би-си. Зеленски соопшти дека тој ќе биде суден за предавство пред судските власти, поради тоа што овој жител на Краматорск им испратил видео снимка на руските сили од ресторанот...

Руски ракети завршија во ресторан во Краматорск – 8 загинати и 60 повредени цивили

Најмалку 8 цивили загинаа, а 60 се повредени од рускиот ракетен напад врз ресторан во центарот на градот Краматорск во Донецкиот регион, јавува Укринформ. Меѓу загинатите лица, се и тројца тинејџери, една девојка на 17-годишна возраст и две сестри на возраст од 14 години. Како што информира украинското јавно обвинителство, ресторанот во Краматорск бил погоден со две руски ракети „Искендер“...

Русија минирала 200.000 километри квадратни од украинската територија

Украинските сили ги поставуваат предусловите за идните главни напори за пробив на руската одбрана, анализира американскиот Институт за проучување на војната во својата најнова анализа по вчерашната изјава на украинскиот претседател Володимир Зеленски во која призна дека контраофанзивата се одвива побавно од посакуваното, пренесува Гардијан. Американскиот институт додава оти украинските власти долго време сигнализирале дека самата контраофанзива ќе претставува низа...

Русија продолжува со ракетните напади врз Украина, цивилни жртви има секој ден

Русија продолжува со ракетните напади врз населени места во Украина, при што во изминатово деноноќие се регистрирани нови цивилни жртви. Најмалку две лица загинаа во Донецкиот регион како резултат на руските гранатирања во населените места Дружба и Костиантинивка, јавува Укринформ. Руската армија во 72 наврати го ракетирала Херсонскиот регион изминатово деноноќие, при што две лица биле убиени, а уште осум...

Обединетите нации ја обвинија Русија дека спречува пристап до поплавените подрачја во Украина

Обединетите нации (ОН) ја обвинија Русија дека одбива да дозволи испорака на помош во окупираните области на Украина, кои се погодени од поплавите како резултат на рушењето на браната Каховка, пишува Гардијан. Досега се пријавени 52 загинати лица како резултат на рушењето на браната на реката Днипро, а од украинска и руска страна досега се евакуирани 11.000 лица. „Владата на...

Украина успеала да ослободи седум населени места во досегашната контраофанзива

Украинските воени сили во досегашната контраофанзива успеале да ослободат седум населени места или површина од 90 квадратни километри во изминативе денови, пишува Би-би-си. Заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар преку Телеграм информираше дека украинските сили успеале да напредуваат во близина на градот Бахмут во Донбас и на југ во регионот Запорижја. Сепак, и таа признава дека руските сили имаат...

Нагазни мини плутаат во поплавените населени места во Украина

Уривањето на големата брана во Херсон на југот на Украина ќе има катастрофален ефект врз лоцирањето на нагазни мини, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст, пренесе Би-би-си. Ерик Толефсен, шеф на Единицата за контаминација со оружје на Црвениот крст, предупреди дека мините расфрлани во поплавата предизвикале голема загриженост не само за жителите на Херсон, туку и за оние кои доаѓаат...